Герасим - Прашање #41

Од
Ефтимие
Прашање

Чичо Герасимије, ко ќе ја прашам мајка ми шо имат за вечера ми велит Ку знајт татко ти шо ќе донесит. Е сеа јас не знам кој е тој Ку, и од кај се знајт тој со татко ми Спиридон. Дан си ти тој Ку?

Одговор

Како бе не знаеш кој е Ку, тој дедото шо му ги смишља сите потердии на оној чпијунот енглески, Бонд, Џемсбонд. Него мене тој татко ти ми е нешто сумљив, да не се случуе као божемски дека ќе иде да купи нешо у гранап, и онда да го нема дома некое време и туку оооп, да ви стигне поштанска картичка однегде, демек: - Немаше овчо ќисело млеко кај Вељота у гранап, па еве доов набрзинка до Пакистан, тука стално им било тазе.

Спиридон рече, м? Сеа ќе провериме мие тоа.

10 декември 2013 - 09:00