Герасим - Прашање #37

Од
Fin Decko
Прашање

Драги Геро дали знаеш кој е Асан од познатата поговорка "мижи Асан да ти баам" фала однапред

Одговор

Онде на Матка, у некоја од тоа пештерите, едно време да ми ти седел некој змај. И тој тогавашниот краљ ептен се нервирал због тоа шо овој акрепов му ги плашел људите, па земал и објавил тендер, кој ќе го утепа змајот, дека ќе му ја дае ќерка му за жена.  И сеа, рука на срце, девојчето било добро по душа ама не било многу за пред чоек, така да немало нешо многу интересенти, уствари едвај само едни тројца и се јавиле, колку да може да се оправда тендерот дека е по пропис. Првиот не знаел да плива и се сјебал некаде по тоа водурината шо е додека се стигне до пештерата. Вториот, пошто некој јабанџија бил, на граница го задржале због утаја на данок и секундарно одма го стаиле у ладоина, така да не се ни појавил уопште. Третиот, пошо бил онаков маскиран припадник на локалното удружење за заштита на свакакви животињи, уште од одма ептен се бендисале со змајот, така да останал и он да живи горе у тоа вукојебината. И од тогаш натаму, не само што живеле у незаконска заједница со змајот, него свакодневно толку многу му се бечеле заедно на овој краљов по сите могучи портали и останали медиуми, да човекот земал на крај и се мрднал од мука, а некои извори викаат и дека се пропил, пошо тоа време дрога уше не е била измислена. А тој Асан, не ти го знам кој е.

9 декември 2013 - 12:00