Net Roulette › Галерии

Отворени XXX Олимписки игри

Олимписките игри од одамна не се само мултиспортски настан, туку еден огромен спектакл. Со една таква спектакуларна претстава на историски настани, музика и танц на која продефилираа 15.000 изведувачи, Британците ги отворија 30. Олимписки игри.

11 часовници над 2 милиони долари

За цената на некои од овие човек би требало да добие цела саат кула, плус плоштад и базен. 11-те најскапи часовници (рачни и џебни) што можат да се купат со премногу пари.

На ивицата на Њујорк

За разлика од останатите фотографи, на овој наместено му е се што треба да фотографира, само од него се чека да се испружи што е можно повеќе од работ на највисоките згради на Њујорк и да ја направи фотографијата што ја бара.

Ти не си Банкси

За време на немирите во Лондон во 2011-та, фотографот Ник Штерн дојде до идеја да го копира иконското дело на Банкси со човекот што фрла букет цвеќе. Ама овој пат со вистински човек. По ова тој фати да ги оживува и другите графити на Банкси.

Историски триумф на Бредли Вигинс

Со победата на 99. издание на Тур де Франс, Бредли Вигинс стана првиот Британец кој триумфирал во историјата на најпрестижната велосипедска трка во светот. Погледнете ги најдобрите фотографии од трката.

Шарани олимпијци

Олимписките игри во Лондон ќе бидат шанса за некои спортисти да ги покажат своите тетовирани тела. Некои имаат едноставни тетоважи со олимписките кругови, а некои навистина имаат со што да се пофалат.

Семејствата на танчерките

Сликите се на полскиот фотограф Томаж Гудзовати, направени во Сиднеј каде што има организирана заедница на "танчерки на шипка," која брои над 3.000 членови.

Светот на бела позадина

Како би изгледало кога и остатокот од брендовите во светот би ја користеле формулата на Епл за правење реклами. Бело, многу бело. Како што пресметал авторот, постои многу едноставна формула по која Епл ги прави рекламите: производ + има на производот + рака што го допира производот.

Старите, кога биле млади и згодни

Да не е потпишан нема никогаш да го познаете Иан Меккелен (Гандалф), Кристофер Вокен изгледа како најпосакуваниот војник на руската армија а Џуди Денч никога не би помислиле дека некогаш ќе ја глуми "Ем." Сепак, клучен збор: Мерил Стрип.

Светот на бенч

Што ако сите луѓе на светов, старо, младо, машко, женско, црно, бело, жолто... сите, ама скроз сите, се набилдани. Еве како фотографот Курт Сталерт го има замислено овој свет.

Погледот што му недостасува на вашиот кревет

Единствениот проблем е што со ваков поглед тешко дека многу ќе ти значи тоа што имаш кревет.

Суперхерои на платно

Кога сакате да имате некое уметничко дело по дома, ама не сте толку многу навлечени на уметност, колку што сте на Марвел и ДЦ комикс.

Гери Олдман во 12 улоги

Заради вакви ликови треба да постои разлика меѓу актери и луѓе кои се појавуваат во филмови. Дел од ликовите што ги одглумил Олдман во последниве 20 години.