Зоран Луциќ е дизајнер од Босна и Херцеговина кој инспириран од убавината на фудбалската игра ги креира препознатливите постери на кои сигурно имате налетано на интернет. Ова е еден дел од нив.
Сигурно сакате да знаете од што е составен Формула 1 болид. Холандскиот уметник Пол Веруд ни помогна да ги дознаеме сите можни делчиња (вкупно 3.200) откако го расклопи до најмало шрафче болидот на Мерцедес кој во 2010-та година го возеше Михаел Шумахер.
Колеџ екипите на Сан Диего и Сиракјус одиграа кошаркарски натпревар на носач на авиони, а овој дуел го доби името „Битката кај Мидвеј" по познатата поморска битка од Втората Светска војна.
Русија ќе биде домаќин на 21-то Светско фудбалско првенство во 2018-та година. 32 репрезентации ќе одиграат вкупно 64 натпревари во 11 градови на 12 стадиони.