Во изминатите 12 години фотографот Хауард Шатз фотографира манекенки со нивните мајки. На фото-сесиите на секоја девојка и кажува: "Биди ќерка на мајката... нема потреба да бидеш секси манекенка." Ова на многу од нив им е премногу компликувано и на крај пак завршуваат со некоја Зулендер фаца. Шатз има направено фотографии на над 200 пара на модели од повеќе од 50 држави, од нив само на 1 - 2 мајките исто така биле манекенки.