Net Roulette › Галерии

Бакнеж кој трае сто години

Монографијата „People Kissing: A Century of Photographs (2018)“ содржи стотина фотографии на анонимни љубовници и секој призор сведочи за безвременоста на една потреба да се биде близок со оние кои ги сакаме, дури и кога околината не е подготвена да го прифати тоа. 

Лиса Соргини: Позади џам

„Создавајќи сензуален документ за овие искушувачки времиња, серијата портрети на Лиса Соргини, преку промените на светлото и сенките, го допира комплексното искуство на мајчинство во пандемиски услови“. - Кат Лечовски.

Нил Фолберг: Македонија, 1971 година

„Македонските селани не ја сакаат земјата, тие ѝ се плашат. Секогаш работат макотрпно, а таа некогаш им враќа, некогаш не,“ ќе запише 21 годишниот фотограф Нил Фолберг кој со препораки од Беркли и Универзитетот во Калифорнија минува две години во Македонија. „Опседнатоста со смртта тука е евидентна, а животот е само облик на привремен отпор кон неа“.

Градот в мраз

Градот е Воркута во близина на Арктичкиот круг и како таков таму главно е ладно, некогаш и до минус 51 степен Целзиусов ладно.

Една година тишина

Протест на македонските компании за организација на настани, по повод една година од забраната за извршување на нивната дејност заради ковид пандемијата. До овој момент нема никаква реакција од Владата ниту најава за скорешна средба.

Женски поглед на 20-тите години

Фотографии на Дора Калмус, попозната како Мадам Д'Ора, Еврејка од Виена, една од првите европски жени кои професионално се занимавале со фотографија.