Прашање
Драга Баба Зора,
Си имам сериозна мака повремена. На работа можам осум саати да ќутам. Ми се ќути. Дотолку, што едно незгодно што ми паѓа сега, такво време дојде да ти е срам да ќутиш. Не секогаш, онака сме се изнамуабетиле со саати за светски заговори, за вонземјани, за швалерај, за здрава храна, за политичари ама некако бош-сериозни-муабети, и сега се' си знам, и не ме интересира шо прај колега, како е, шо планови има. Ми се ќути де. А некогаш ако многу зборувам ми се испуштаат работи како Ти си хипокрит бе. И ете ти проблем. И и' кажав јас на мама за моево ќутење а мама вика: е добро бе сине, па 15 минути одвој за муабет, ама не оди, ме замара. Јас би радо само да се зезам и смеам, необавезно, али осеќам колега сака сериозно, па кај ќе губам време со нерешливи проблеми а треба да се работи, и то. И ме интересира вака со твое искуство и мудрост, дали сум јас просто најпросто само невоспитан немтур? И чаре?
Одговор
Јооој, ќути бре, Таљат, не ми збори!