Андроид 3 х 2

По два примерока на три типа на апликации за Андроид. Сите се бесплатни и сите добро функционираат. Некои ги имало наоколу, некои се скроз нови. Сите заслужуваат инсталирање.

Shazam + IntoNow
Shazam е веројатно најпозната апликација на листата. Има песна што не ја знаеш / не ти текнува како се вика, ја палиш апликацијата и таа ја открива за тебе. линк

IntoNow функционира исто како Shazam, само на тема - филмови и телевизиски серии. Освен тоа има ТВ водич (не за наша програма) и покажува кои други (корисници на апликацијата) ја гледаат истата програма како и ти. линк

Astrid + Catch Notes

Двете апликации служат за запишување белешки на вашиот телефон / таблет. И двете се синхронизираат со интернет и се достапни он-лајн. Разликата е во тоа што Astrid е малку понасочена кон менаџирање на задачи + има можност за споделување на листата задачи со други. Astrid тука | Catch Notes тука

Flipboard + Pulse News

И двете апликации се одлични за агрегирање и читање вести. Со таа разлика што Flipboard ти прави компилјција на најдобри и најчитани вести (твитови) од твојот Твитер акаунт, додека Pulse повеќе служи за собирање на вестите. Flipboard тука | Pulse News тука

 

2 ноември 2012 - 18:40