Германска земјоделска математика

Земјоделците од Саксонија кои ја блокираа цела држава откако државата реши да им скрати субвенции и да им укине поволности под изговор дека нема пари во буџетот, седнаа и и пресметаа на истата таа држава колку германски пари расфрла кај ќе стигне.

- 28 милијарди евра - за војната и финансирање на државните агенции на Украина.

- 10 милијарди евра за развиток на зелената енергија во Индија.

- 4 милијарди евра за зелена енергија во Африка.

- 781 милиони евра - за развој на Сирија.

- 579 милиони евра - за развој на Индија.

- 473 милиони евра - за развој на Кина.

- 392 милиони евра - за развој на Етиопија.

- 375 милиони евра - за развој на Турција.

- 354 милиони евра - за развој на Индонезија.

- 350 милиони евра - за развој на Ирак.

- 345 милиони евра - за развој на Јордан.

- 327 милиони евра - за развој на Авганистан и други држави.

- 87 милиони евра за воведување на општо здравствено осигурување во Танзанија.

- 120 милиони евра за ширење на користењето на енергија од обновливи извори во енергетската мрежа на Пакистан.

- 94 милиони евра за реформи на финансиската и климатска политика на Замбија.

- 200 милиони евра за имплементирање на национални климатски цели во Колумбија.

- 184 милиони евра за зелена трансформација, административни реформи и борба против корупцијата во Србија.

- 40 милиони евра за олеснување на зголемените животни трошоци на домаќинствата во Молдавија.

- 315 милиони евра за автобуски и велосипедски ленти во Перу.

- 640 милиони евра за климатски проекти и обновлива енергија во Нигерија.

- 44 милиони евра за Палестина.

- 170 милиони евра за социјално правична енергетска транзиција во Сенегал.

- 80 милиони евра за програма која меѓу другото поддржува и производство на фудбалски производи од органски памук во Индија.

- 100 милиони евра за програма која меѓу другото опфаќа и сексуално образование во Мозамбик.

29 јануари 2024 - 12:30