веб класици

Добриот грав далеку се слуша

Еден ден запознав прекрасен господин и веднаш се заљубив во него. Кога стана јасно дека ќе се земеме, решив да престанам да јадам грав.

Еден ден запознав прекрасен господин и веднаш се заљубив во него. Кога стана јасно дека ќе се земеме, решив да престанам да јадам грав. Неколку месеци подоцна, на мојот роденден, враќајќи се од работа ми се расипа колата. Бидејќи живеев на село, му се јавив на мажот и му реков дека ќе задоцнам бидејќи морав пешки да дојдам дома. Одејќи, по пат наидов на една мала кафана од каде се ширеше мирис на грав. Едноставно не можев да одолеам.

Бидејќи имав уште доста пат до дома, претпоставив дека по пат ќе успеам да се ослободам од сите нуспојави. Влегов во кафаната и за половина час "решив" три чинии грав. Потоа продолжив со пешачењето и се потрудив по пат да се ослободам од целиот гас.

Кога стигнав дома, мажот беше пресреќен што ме гледа и рече:
"Драга, имам изненадување за вечера," и ми стави превез преку очи.

Ме однесе до масата за јадење и ме седна на мојата столица. Токму кога сакаше да го извади превезот, заѕвони телефонот. Пред да отиде да се јави, ме натера да се заколнам дека нема да го вадам превезот додека не се врати.

Гравот што го изедов, уште работеше а притисокот полека стануваше неиздржлив. Бидејќи маж ми не беше тука, ја искористив шансата се навалив и пуштив едно "гулабче". Но, не само што беше гласно, туку и смрдеше како камион со ѓубре, кој само што згазил твор. Земав една салфетка и се обидов да ја раздувам миризбата.

По ова се навалив на другата страна и отпуштив уште три. Овој пат миризбата беше уште полоша.

Бидејќи разговорот во соседната соба уште траеше, уште неколку минути продолжив со "нижење". Задоволството беше неизмерно. Кога чув дека маж ми го завршува муабетот, знаев дека тоа значи крај на мојата слобода, се размавтав со салфетката уште неколку пати и ги спуштив рацете во скут.

Кога маж ми се врати на лицето го имав најневиниот израз. Ме праша дали ѕиркав но јас го уверив дека седев мирна. Во тој момент, тој ми го тргна превезот и дванаесет гости кои седеа на масата, на глас извикаа:

"Среќен роденден!!!"

Паднав во несвест.

8 јули 2014 - 19:27