Слакоња го жеже Жижек

Клемен Слакоња го знаете од серијата рекламни спотови за македонскиот туризам во кои како Стив Ирвин откриваше ендемски видови во Македонија. Овојпат има сосема друга мета - живописниот филозоф Славој Жижек. 

Добро, ама барем го имаат Жижек. Ние, за жал, го имаме Тони Науновски кој е сам по себе пародија.

п.с. Ако заради некаков мазохизам ве интересира како личи гревот па го побарате кај сликите на Гугл, сосема е можно да се случи сервисот да ве праша: Дид ју мин Брејвик?

19 октомври 2013 - 21:05