Уште пократка историја на времето

Замислете свет во кој не постои 15 до 3 или 9 и 25. Како човекот успеа да го скроти времето истовремено станувајќи негов господар и слуга. Кога престанавме да јадеме кога сме гладни, туку го правиме тоа кога е време за јадење.

Eкономскиот историчар од Харвард Дејвид Ландес во 1983 година ја објавува највлијателната книга на оваа тема: "Револуција во времето: Часовниците и раѓањето на модерниот свет". Тезата е дека механизирањето на времето, неговото претворање во прецизни мерливи делови било двигател на индустриската револуција и напредокот на капитализмот. Временските отсечки им овозможуваат на луѓето времето да го мерат на прецизен и униформен начин. Тоа придонесува комплетно да се смени односот кон таа димензија.

Логиката на таквите промени кулминира во геслото на Бенџамин Френклин кое како совет му го дава на еден млад трговец "Запомни, времето е пари."

На сличен начин, времето е тема и на следниот видео клип кој нè враќа во 1650-та година кога ќе биде создаден часовникот со клатно кој цели наредни три века ќе биде доминантен начин на кој луѓето господарат и му робуваат на времето.

21 февруари 2015 - 13:42