Јужна Кореја, посвој нè

На камионџија во возење му се истура целиот товар гајби со пиво. Камионџијата застанува и не јаучи и пцуе сè до трето колено, туку почнува да го расчистува хаосот. Луѓето што се најдоа таму не седат на страна и да фаќаат сеир туку фатија и тие да чистат. Колите што минуваат не ги оптоварија свирките и не направија непроодна гужва, туку педантно го заобиколија хаосот. Јужна Кореја, посвој нè.

18 јули 2022 - 08:37