33-грамскиот микро-дрон од 12.000 евра што ќе и биде испорачан на Украина

Од вооружување дронот има само камера, која во живо ја пренесува снимката. Должината му е неполни 17 сантиметри и сето тоа спакувано во 33 грама. Дронот, со таа тежина и батерија, има домет од речиси 2 километра, може да лета 25 минути а максималната брзина е 17,7 километри на час.

Производител е норвешки Теледајн, а целиот цех за 850-те примероци ќе го плати Британија.