Таг: жена судија

Кирјос пак полуде на сред терен

Австралискиот тенисер Ник Кирјос изгуби претпладнево 2-1 во сетови на турнирот во Торонто од Рајли Опелка. За време на тај-брејкот во вториот сет кој Опелка го доби 6-7, Кирјос и се сврте на судијката што не видела како ривалот ја допира мрежата. Пцуеше бесен ко рис.

Првпат во историја жена ќе суди во Лига на шампиони, тренира строгост пред огледало

Французинката Стефани Фрапар (36) продолжува да импресионира. Таа вечерва на 2 декември ќе стане првата жена која што ќе суди меч во Лига на шампиони: Јувентус - Динамо Киев.

Јас сум главниот судија, а офсајд крева жена ми која сега ќе ја бакнам

Во Бразил се одигра хуманитарен фудбалски натпревар „Со фудбал против глад“, а најсимпатичниот момент го имаа главниот судија на мечот и помошничката крај аут линијата.

Како царице црвен картон за докторот?

Лекарските екипи според правилата мора да добијат дозвола од главниот судија за да истрчаат на теренот и да дадат помош на повреден играч. Ама една судијка во Шпанија малку се занесе па се размавта со црвениот картон додека на тревник лежеше повредена фудбалерка.

Скандирање на денот до судија жена

Италијански нисколигашки фудбал каде срцката сигурно е црвена од овој убав комплимент од трибина кој на италијански оди вака: Guardalinee, guardalinee, la senti questa voce, la senti questa voce: Sei bellissimaaaaaaaa, sei bellissimaaaaaa.

Стартува да суди единствената жена судија во топ лигите

Германката Бибиана Штајнхаус ќе стане првиот женски судија во Европските топ лиги а во тоа многу ѝ помогна искуството што го имаше на мечот на Баерн Минхен пред неколку дена. Судела преку 80 меча во втората лига.

Првата жена главен судија во Бундеслига

Германската фудбалска федерација реши од следната сезона да ја промовира судијката Бибиана Штејнхаус од втората лига во Бундеслига.

Бразилката на која би ѝ простиле гол од офсајд во финале

Се вика Денис Буено, работи како модел, а доби задача да биде линиски судија на аматерски фудбалски натпревар во Бразил. Ти само кревај го знаменцето па макар нѝ поништиш 10 чисти гола, а ние ќе те гледаме “дали те бива за судење“ и посакаа фудбалерите на госпоѓицата мис мокра маица.

Исповед на жена судија во селскиот фудбал во Србија

Која е најлошата пцовка која сум ја чула за мене? Подобро знамето да си го бутнеш во...Тоа не е пцовка која ти излетува во афект, туку такво нешто мора да смислиш, што значи треба да ти помине низ неколку филтри во мозокот.

Шпанците сакаат таа да им суди

Фернанда Коломбо, родена 91-ра во Бразил почна како линиски судија, стана многу популарна, а успеа да се пробие и како главен судија во бразилската Серија А. Марка тврди дека таа има шпански корени и дека може да суди во Ла Лига. И после ако не му дели картони на Роналдо сите ќе трубат дека имаат нешто.

Незгодна линиска судијка

Се вика Татјана Сачилоти, доаѓа од Бразил, каде и го имаат стравот кога патролира покрај аут линијата на фудбалските терени. На своја кожа тоа го почувствува Биро Биро од Понте Прета во неделата против Сао Пауло.