Исповед на жена судија во селскиот фудбал во Србија

Која е најлошата пцовка која сум ја чула за мене? Подобро знамето да си го бутнеш во...Тоа не е пцовка која ти излетува во афект, туку такво нешто мора да смислиш, што значи треба да ти помине низ неколку филтри во мозокот.

Фудбалски судија сум веќе пет години и навистина сè имам доживеано. Најлошото е што највпечатливите ситуации се случуваат на селските дербија кога цело село се собира на стадион бидејќи тоа е настан во месецот. Каков ден на семејството, ајде сите на трибина да му ебеме мајката на судијата. На почетокот ми беше ужасно, на првиот меч на кој ме навредуваа пола саат плачев во соблекувална, ништо не ми беше јасно и не бев навикната на тоа. Потоа повеќе не плачев, но не ми е ниту пријатно и често се чудам од каде толкава количина на бес кај луѓето.

По толку навреди и плукања, развив нов механизам. Ќе се насмеам, бидејќи често не знам како да реагирам, а тие уште повеќе збеснуваат и потоа почнува шоуто. Понекогаш не знам кој е полош, дали играчите или публиката.

Во една прилика ми се закани претседателот на еден мал клуб, а публиката целосно излезе од контрола. Фрлаа со сè што ќе им дојде во рака од запалки до шишиња. На крајот некој пријавил во полиција која дојде да нè придружува скоро до дома. До тогаш мислев дека такви инциденти се случуваат само во високите лиги.

Можеби најлошо ми беше кога играа две екипи кои важат за големи ривали кои се бореа за опстанок во трета лига. Бев помошен судија и откако главниот ќе досуди фаул, според правилата јас немам обврска да го сторам тоа. Еден од играчите почна со навреди кон мене и таа иста екипа после неколку минути прими гол, па истиот тој играч се обиде да ме бутне.

За среќа не паднав, но опасно се занесов. Тој доби црвен картон, а мене не ми беше сеедно. Рече дека ќе ме најде во град и дека ќе нема спас за мене. Публиката се разбира урлаше и фрлаше со разни предмети, па повторно мораше да биде повикана полиција бидејќи работите излегуваат од контрола.

Според моето мислење некои од публиката немаат свое јас, па чекаат да дојде сабота и недела за да си ја покажат машкоста. Тие таквите додатно збеснуваат што сум женско, бидејќи кај повеќето од нив сè уште има закоравени верувања дека жената е само за дома да чисти, а не да ги учи фудбал.

Еднаш ми се случи еден навивач да ме плукне. Не знам како издржав до крајот на мечот и како успеав да се концентрирам до крајот на мечот додека шлаемот на одвратниот идиот ми течеше на дресот. Понекогаш навистина полудувам на такви ситуации, па станувам уште по остра во судењето. Пичкарањето, споменувањето на мајка, татко и останати пцовки се како добар ден. Ако во некој момент погледнам некој во лице од публика, му се чудам на таа голема омраза. Па човече не ти зависи животот од мечот, тоа е само спорт. Што ли прават кога се враќаат дома и на кого му го истураат бесот? Веројатно на жената дома ако не му донесе ракија кога ќе го види дека е седнат во двор.

Најголем проблем околу правилата е офсајдот. Живееме во 21 век, правилата во фудбалот се менуваат, но очигледно не и во селскиот. Навивачите офсајд гледаат само во моментот кога играчот ќе ја прими топката, а за моментот на додавање немаат појма. И тука почнуваат проблемите. За да видиш офсајд мораш да бидеш во линија со последниот играч, а необично е како постарите од другата половина на теренот гледаат дали е офсајд или не. Не е тука само прашање на фудбал, туку и комплекси се во прашање.

Додека не влезев во оваа приказна да бидам искрена немав појма какви пари се во игра. Не е реткост некој пред натпревар да ме повика од управата и да ме праша дали може да се договориме. Нудат пари и други услуги, се лигават како да сме другари и како да е сосема нормална работа да ме повика како на кафе. Кога ќе одбијам тогаш почнуваат со убедување, но бидејќи сакам да напредувам, не отстапувам од своето.

Има сè и сешто во фудбалот и колку и понекогаш да ми е тешко да се помирам со тие одвратни ситуации, се воодушевувам колку се креативни во пцуењето. Да беа толку креативни во правењето тактика, можеби нема секогаш да им биде крив судијата.

22 февруари 2017 - 15:51