Таг: Украина

Некој стварно им фрли бомба

Од милионите интерни монолози и маалски закани до дечурлана „ќе ви фрлам бомба“, една деновиве се оствари во украински Днепро, од 54-годишен маж кој во моментот не е многу при свест. Нема загинати, само едно дете е повредено.

Има и полошо од воени профитери

Украинската државна компанија Нафтогаз, објави дека итно отпушта еден од највисоките советници на претседателот на компанијата. Не заради соработка со Русите, туку заради соработка со Бентли.

Порошенко на заслужен одмор во Лондон

Откако од трета мајка успеа да излезе од родна Украина, поранешниот украински претседател и несуден херој од одбраната на Киев, Порошенко деновиве е снимен на прошетка низ Лондон. Украинска правда пишува дека Порошенко официјално имал „излез“ до 2-ри јуни. Тој се уште не е вратен во Украина.

Украинската војска не се бори за ничие право на геј парада

На пауза од фронтот украински и полски добрoволци од единицата Карпатска сич, излегоа пред камера за да кажат што имаат околу „Киев прајд“ парадата закажана за 25 јуни во Полска или според нив „организирана ЛГБТ провокација“.

Цена на килограм малини во Киев

Украинскиот коментар беше „како ова воопшто е легално?“.

Нема воен отпад што Германија не и го прати на Украина

Наместо нови модели на тенкови и оклопни возила за украинската армија, Германија повторно реши да ја третира Украина како еден масовен отпад во кој завршува старата железарија што не би можела да се потроши ако нема војна.

Заради претерување со лаги Украина го отпушти омбудсманот за човекови права

Људмила Денисова, жената позната по тврдења од типот „во Буча Русите силуваа 11-годишно момче пред очите на својата мајка која беше врзана за стол и присилена да гледа“ е сменета од украинскиот парламент затоа што нејзините изјави се неосновани и повеќе и штетат на кредибилноста на Украина отколку што и помагаат.

Два месеца германско „ќе биде“ за Украина

Речиси два месеца Германија нема испратено никакво позначително оружје во Украина, а во исто време Полска обвинува и дека им ги немаат испорачано и Леопард тенковите кои требаа да ги заменат тенковите што тие и ги пуштија на Украина.

Македонското знаме на новиот патриотски дрес на Украина

Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андреј Павелко го презентираше дресот „Обединети за Украина“ на кој стојат знамињата на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Косово...

Украина може ќе влезе во ЕУ, за неколку децении

Во говор во Стразбур Макрон порача дека нема шанси во догледно време Украина да влезе во ЕУ и предложи решение кое многу мириса дека и нас ќе нè стигне - а да ви направиме ние една паралелна европска заедница, па таму да ви помагаме.

Про-украинската акција во Словачка за малку ќе успееше

Билборди на автопати низ Словачка беа излепени со украинско знаме во знак на поддршка на Украина во војната против Русија. Кратко по поставувањето некој комплетно ја смени наклонетоста на билбордите.

„Украинскиот Моцарт“: приказната за Максим Березовски

Ситуацијата во Украина поттикнува интерес за нејзината култура и уметници, кои до сега не биле познати ни за пошироката украинска јавност. Еден од првите царски композитори на рускиот двор од 18 век, денес подзаборавен, бил оперскиот пејач и виолинист со украинско потекло, кој студирал во Италија во исто време со Моцарт.

Таблата од Катјoжанка

Катјoжанка е село во околина на Киев кое првично беше освоено од руската армија, за потоа повторно да им биде предадено на украинските сили по повлекувањето на Русите. На интернет се појави слика од пораката до украинските деца што руските војници ја испишале на една од таблите во училиштето во Катјoжанка.

Фантастичното одмагање на ЕУ на Украина

Тоа што се случува во Украина и целата галама, ужасување и осуда на војната што ја крева секој можен европски медиум и политичар, изгледа како да се одвива во паралелен затворен свет целосно изолиран од светот во кој се случуваат финансиските трансакции меѓу ЕУ и Украина и ЕУ и  Русија.

Украина има 15 милиони тони пченка и не може да ги мрдне

Силосите во земјоделскиот појас на Украина се преполни со 15 милиони тони житарки, кои во нормално време веќе ќе беа испорачани на светскиот пазар.

Пијанистот од Лвив стигна до лондонскиот концерт на Ханс Зимер

За време на концертот во преполната О2 арена, Ханс Зимер направи пауза за да му оддаде почит на украинскиот пијанист кој во Лвив под звукот на сирените за тревога за воздушен напад ја свири нумерата од „Инсепшн“ од 2010.

Кој работел на отворање био-лаборатории во Украина a се презива Бајден?

Руската влада на прес-конференција тврдеше дека Хантер Бајден помогнал да се финансира американска програма за истражување „биолошки оружја“ во Украина. И ова беше очигледен дрзок обид на руска пропаганда против САД и Украина, се додека Дејли меил не го објави истото.

Наместо бојкот: полски театар со мала промена на „Три сестри“ на Чехов

Во оригиналната драма, протагонистите се досадуваат во нивната провинциска резиденција, и сонуваат за враќање во Москва. Во знак на солидарност со Украина, познатиот театар ТР Варшава го заменува главниот град на Русија со Киев.

Био-лаборатории не постоеле и не постојат во Украина, освен ако ги прашаш американските власти

Мноштвото докази и новинарски извештаи потврдуваат дека приказната за био-лаборатории во Украина се руска измислица. Единствена пукнатина во овој бедем доаѓа од извесна Викторија Нуланд (американски државен потсекретар за Украина) за која се уште не е утврдено дали е извор на лажни вести.

Украина е модерна, Палестина изгледа не

Џиџи Хадид изрази подршка за Украина и Палестина. Вог го пренесе тоа, ама со „ситна“ измена - ја избриша Палестина од муабетот.