Таг: столе димитриевски

Средбата на Столе и Џиџи

На Столе Димитриевски му се оствари желбата да се сретне и да добие автограм од иконата на италијанскиот фудбал, Џиџи Буфон. Во улога на нов тим менаџер на италијанската репрезентација, Џиџи го пречека Столе насмеан со топла прегратка, а голманот на Македонија му рече „Ти си мојот идол“. Кога Буфон дебитирал за Парма во 1995-та година, Димитриевски имал 2 години.

Мангупски аутфит на Столе Димитриевски пред мечот со Италија

Голманот на Македонија се појави во дрес на рекордерот по број на настапи за Италија (176) и Серија А (657). Човекот со 28 годишна кариера, 10 Скудета, како и светски шампион. Овој пат легендарниот Џиџи Буфон ќе дојде во Скопје како нов тим менаџер на репрезентацијата предводена од Спалети.

Прво коло во Шпанија и веднаш извонредна интервенција на Столе прогласена за број 1

И покрај тоа што зборуваме за една од најсилните лиги во светот, со голема конкуренција, првиот голман на Македонија блеска и одново стартува силно во новата сезона. Уште во првата топ 5 листа на колото го има и тоа на позицијата број 1. Тргна победнички со Рајо, 0:2 на гости против Алмерија.

Столе го прими евроголот на колото во Шпанија

Имаме понеделнички голчишта на ангро. Прво Аријан Адеми, па Трент Александер Арнолд и сега следува најјакиот, ремек делото на бекот Јусуф Сабали. За него ова е прв гол во дресот на Бетис кој го совлада Рајо Ваљекано со 3:1. Нема што да и прави на оваа топка Димитриевски.

Така лесно мислиш дека ќе го излажеш Столе од слободен

Само неколку дена откако повторно излезе победник против Барселона после двата триумфа минатата сезоната, а одбраната против Левандовски му ја избраа во топ 5 на колото, Рајо Ваљекано пак ја истакнува стабилноста на својот гол со Димитриевски. Синоќа славеа 2:1 над Ваљадолид.

Димитриевски vs Левандовски

Четврти натпревар по ред Рајо Ваљекано не губи од Барселона. Ланска сезона ги победија два пати по 1:0, а оваа прво 0:0, па синоќа 2:1. Еден од најјаките голгетери во свет, не може никако на крај да излезе со првиот голман на македонската фудбалска репрезентација.

Со Столе еден на еден не се поминува така лесно

Чуварот на голот на Македонија остана несовладан во 14. коло од Ла Лига против Селта. Мечот Рајо - Селта заврши 0:0, а Димитриевски со добар рефлекс спаси чист гол и влезе во конкуренција за одбрана на колото.

Ла Лига ви го претставува Столе пантерот

И во новата сезона во Шпанија, кумановецот Столе Димитриевски брани на ниво. Синоќа со Рајо Ваљекано освои голем бод на тешкото гостување во Мадрид против Атлетико, а Ла Лига издвои една негова многу јака парада од викендов против Хетафе (0:0).

Тимот на колото во Европа е со наш репрезентативец

Почнуваш да го читаш од нападот со Нејмар, Жоао Феликс и компанија, па потоа подоле гледаш играчи од Реал, Челси и Сити и на крај Столе Димитриевски. Колку убаво. Кој и да го составил, капа долу.

Најдобрите паради на Димитриевски против Барселона

Столе Димитриевски стана четврти голман во историјата на шпанското првенство кој успеал да остане несовладан на две гостувања по ред на Камп Ноу. Уште во првото коло од Ла Лига имаше јуначки перформанс и го просласија за МВП на мечот Барселона - Рајо 0:0.

50 години не се истакнал никој на Камп Ноу како наш Столе

Фудбалерите на Барселона предводени од гол машината Роберт Левандовски, со 0:0 ја отворија сезоната во Лига. Главен виновник е чуварот на голот на Македонија кој беше играч број 1 на мечот. Три меча по ред не им дозволува да го совладаат.

УЕФА потсеќа на еден дуел Столе vs Чиро

Бадијала толку имиња во таборот на италијанската репрезентација, кога никој не можеше да ни даде гол. Чиро Имобиле ја освои Златната копачка и стана најдобар стрелец во историјата на Лацио, ама не можеше да излезе на крај со Димитриевски.

Барселона сериозно заинтересирана за Столе Димитриевски

El Chiringuito е најпозната емисија за спорт во Шпанија. Во неа реномирани новинари дебатираат, дискутираат сериозна тематика поврзана со шпанскиот фудбал и спорт воопшто.

Браво за Столе, ги шие сите голмани во Шпанија сезонава

Покрај за Македонија, Димитриевски брани во топ форма и во клупска конкуренција, а тоа одлично се гледа и по резултатите на неговиот тим. Оваа сезона има примено помалку голови од Тер Штеген и Јан Облак, а Рајо е на фантастичната четврта позиција пред Атлетико и Барса.

Дамјан Шишковски му донесе среќа на Столе

Вториот голман на македонската фудбалска репрезентација беше во исчекување, а првиот се фрли пантерски, му ја скроти топката на Депај и го отпиша Куман од Барселона. Да погледнеме зошто е битно да снима Дамјан.

Статуа за Дон Столе Димитриевски кога ќе освоиме ЛШ во 2050-та

Рајо слави голема победа над Барселона, прва после две децении, ама слават и навивачите на Барселона за отказот на Роналд Куман.

Столе јунак против Барселона, му одбрани пенал на Депај

Рајо Ваљекано се израдува на голема победа против каталонскиот тим, прва по пауза од 19 години. Мечот го реши Радамел Фалкао, а работата ја доврши Столе Димитриевски со херојска одбрана од 11 метри и „го избрка“ Роналд Куман од кормилото.

Лука не се метнал на татко му Зидан, направи кикс па Столе го менуваше

Лука Зидан (роден 1998-ма кога татко му Зизу жареше и палеше на Светско првенство и даде два гола во финале против Бразил) е голман кој досега бранеше во Реал Мадрид Б и Расинг Сантандер, а од октомври 2020-та е во Рајо Ваљекано каде за место се бори со нашиот Столе Димитриевски.

Мајорка, Леванте и Рајо добро се офајдија од Македонија на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација дебитираше летово на Европското првенство кое се одигра во 12 земји, а од историското учество ќар имаа и три екипи од Шпанија.

Видовте ли кој е голман број 2 во групната фаза според одбрани?

Позитивниот впечаток кој го остави Македонија на дебитантското Европско првенство го измерија по повеќе параметри, а меѓу нив не смееме да го заборавиме и голманскиот.

Ноер ли е, Столе ли е?

Ги критикуваа дека бил киксер, но Столе Димитриевски беше една од нашите најсветли точки на Европското, прогласен за најдобар голман во второто коло, како и прв и за сега единствен со одбранет пенал. Погледнете го сега во една друга улога. Пасов до Елмас е лудило.

Столе е број 1 голман на Европското

Остајте ги на страна малку Ноер, Облак, Куртоа, Тер Штеген, Донарума и компанија и напревете место наш Столе да помине.

Одбраната на Столе од пенал и шансата на Адеми

Македонија одигра многу содржински натпревар, неспоредлив со оној првиот, па затоа репрезентативците беа дополнително разочарани што не успеаа да стигнат барем до бод. Притисок пред голот на Украина, поништен гол на Пандев, јака акција на капитенот со Адеми...

Столе проба со Меси еден на еден ама...

Со головите на Де Јонг и Меси, Барселона го елиминираше Рајо Ваљекано во Купот на Шпанија. Домаќините поведоа, но не успеаа да го изненадат големиот фаворит кој во судиско имаше чиста шанса за 1:3. Меси го легна голманот на Македонија, ама потоа не ја шутна кога требаше.