Таг: столе димитриевски

Столе проба со Меси еден на еден ама...

Со головите на Де Јонг и Меси, Барселона го елиминираше Рајо Ваљекано во Купот на Шпанија. Домаќините поведоа, но не успеаа да го изненадат големиот фаворит кој во судиско имаше чиста шанса за 1:3. Меси го легна голманот на Македонија, ама потоа не ја шутна кога требаше.

Види го ти Столе бранење пенал

По лавината критики во јавноста за киксевите во дресот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски покажа дека не е баш таков голман како што многумина мислат кај нас. Рајо Валјекано славеше 2:0 над Фуенлабрада во втората шпанската лига, а Столе на 0:0 го спаси голот со прекрасна парада.

Како би го викале Столе во Битола?

Го напушти шеснаесетникот, мислиш Ноер е и со цел памет намерно со рака ја удри топката и плус го лажеше судијата дека не било рака. Со Косово па не ни ја исфрли, ни ја земаа и ни дадоа гол, а се сеќавате со Ерменија на претходните Лига на нации? Со право го мајтапат. Многу киксови во низа.

Македонија - Грузија, 2 епизода 1:1 - следи 3 дуел за Европско

Во 4. коло од Лига на нации, Македонија ремизираше 1:1 (0:0) со Грузија и освои важен бод, особено ако се знае дека повеќе од 20 минути игравме со играч помалку поради глупоста на Столе Димитриевски.

Херојската одбрана на Столе во 95-та

Воопшто не беше комотна предноста на Македонија од 2:1 и за влакно ќе продолжевме со губење нерви во продолженија два пати по 15 минути ако Косово го реализираше зицерот во финишот. Но Димитриевски нè спаси од тие непотребни луксузи.

Столе џабе бранеше одлично на мечот кој го прекинаа левичарите од Рајо Ваљекано

Во неделата вечер, напаѓачот на шпанскиот второлигаш Албасете, Украинецот Роман Зозулија дојде на гостување кај клубот кој пред три години на барање на навивачите се откажа од договор со него поради некои негови ставови.

Столе манија меѓу навивачите на Рајо Ваљекано

Еден од двајцата Македонци кои имаат чест да играат во лигата на мега популарните Барселона и Реал е всушност еден наш одличен голман и скромен кумановец кој оди на стадион со метро. Навивачите на Рајо се пресреќни за неговиот договор. На еден му е направен (тиииит) од возбуда.

Столе дебитираше за Рајо и прими два гола

Додека офанзивците на македонската репрезентација (Трајковски, Пандев, Несторовски, Тричковски) играат добра сезона и даваат голови, нашиот прв голман Столе Димитриевски синоќа го имаше дебито за својот клуб Рајо Ваљекано и прими два гола.

Кариус може да одмори, во Европа се збори за Столе

По „историскиот“ настап на германскиот голман во финалето на ЛШ меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, немаше ден а некој да не го закачнеше Лорис Кариус. Сега големите европски медиуми имаат нов миленик - нашиот голман Димитриевски.