Таг: роберт левандовски

Дебито на Левандовски за Лех Познан

Пред да пристигне во Борусија Дортмунд, играше во Лех Познан, неговиот втор клуб во кариерата каде настапуваше од 2008-ма до 2010-та. Да му го видиме дебито на еден од напаѓачите кои ја одбележаа 2015-та.

На Левандовски му викале дека е мал и слаб за фудбал

За слабиот физикус на Пољакот зборува неговиот прв тренер, но Левандовски се заинатил и тренирал по 6 часа на ден. Денеска тој е сопственик на четири рекорди во Бундеслигата за кои доби четири признанија од Гинис.

Фудбалскиот викенд во 10 точки

Кајт дава по три гола и на 35 години, а за Левандовски и Обамејанг тоа е веќе рутина. Барселона е ефикасна и без Меси, а Михајловиќ против Сасуоло победи со дете меѓу стативите.

Ана Левандовска ја откри тајната

Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 10 голови во една недела, и неговата поубава половина се пошегува на Инстаграм дека Роберт Левандовски почнува да биде здодевен. Тајната на успехот била во доручекот, вели жена му инаку шампионка во карате.

Дарко Панчев во друштво на Левандовски, Стоичков и Шукер

Легендарниот Кобра во еден квалификациски циклус постигна 10 голови, а целата денешна репрезентација на Македонија едвај даде шест голови на 10 натпревари во кампањата за ЕП 2016 во Франција.

Гинис му најде место на Левандовски

Напаѓачот на Баерн Минхен кој оваа сезона на 11 меча постигна 16 голови ќе биде сместен во Гинисовата книга за рекорди по четири основи.

Најдобар е во Бундес, ЛШ и квалификации за ЕП

Роберт Левандовски сезонава во првенство има постигнато исто голови колку Саутемптон, Арсенал, Шалке  Волфсбург, Келн и Киево и има повеќе постигнати погодоци од 11 екипи во Премиер лига, 12 во Бундеслигата, 14 екипи во Серија А и 15 во Ла Лига.  

Најбрзите 100 голови на Левандовски и неговиот конкурент од Габон

Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 10 голови на 7 меча, што е најдобар старт во последниве 40 години во Бундеслигата, а Обамејанг стрелаше на сите досегашни меча за Борусија оваа сезона. Овие двајца голгетери ќе играат еден против друг во следното коло.

Топката е кај Левандовски, 150.000 лајкови за два часа

Напаѓачот на Баерн Минхен петтиот гол против Волфсбург го даде од неговиот десетти допир со топката. Марио Балотели толку голови не успеа да даде за цела сезона во Ливерпул, а во Шпанија пола лига нема дадено 5 гола во првите 4 кола.

Левандовски испука петарда за 9 минути

Напаѓачот на Баерн Минхен вечерва испиша нова фудбалска историја со рекордни пет постигнати голови за само 9 минути на мечот против Волфсбург кој заврши 5:1. Гвардиола не можеше да поверува.

Празнична недела со Форлан, Нејмар, Џовинко, Гризман и Левандовски

Пријателските мечеви, летните турнеи и стартот на некои фудбалски првенства се сосема доволно за една богата атрактивна топ листа со голови. Ви го издвојуваме тој на Селтик.

Хет-трик вечер за Левандовски, Роналдо, Ширле

Втората вечер од 6. квалификациско коло донесе три хет-трика. Полска со 4-0 ја совлада Грузија, а шпицот на Баерн Минхен постигна 3 гола за 3 минути. Хет-трик синоќа имаше и Кристијано Роналдо на мечот Ерменија - Португалија 2-3, а три гола даде и Ширле за Германија против Гибралтар (7-0)

Јуве е како една убава дунда која не ме возбудува

Во најновите изјави кои редовно ги собира на купче Газета дело Спорт, главен актер е Антонио Касано кој додека паузира со фудбал, им прави сериозна конкуренција на Ибрахимовиќ и Балотели во однос на давањето контроверзни изјави.

Искри на тренингот на Баерн Минхен

По испаѓањето од Дортмунд во полуфиналето на домашниот куп и од Барса во истата фаза од ЛШ, Баварците немаат хармонична атмосфера во тимот. Доказ за тоа е денешната расправија меѓу Левандовски и Боатенг, кои за малку не се степаа.

12 историски видеа од Лига на шампиони

Во пресрет на осминафиналните дуели во ЛШ кои стартуваат идната недела, УЕФА не потсеќа на дел од најдобрите моменти од историјата на ЛШ. Незаборавни ќе останат волејот на Зидан, десеттата титула на Реал Мадрид, лобот на Савичевиќ, пресвртот на Депортиво, чудото од Истанбул...

Роберт Левандовски си најде нов клуб!

На познатиот центарфор на Баерн му најдовме истоименик во кошарката кој не ни звучи познато, освен по тоа што го носи неговото име и презиме.

Што утна Левандовски!?

Борусија Дортмунд се намачи против Олимпик Марсеј и се провлече дури на три минути пред крајот, а работата можеше да биде многу поедноставна и завршена многу порано ако Роберт Левандовски не се посрамотеше на овој начин.

Човекот кој ги одбил „неталентираните“ Меси и Левандовски

Сигурно сте ги слушнале приказните дека „скаутите" на Вардар ги одбиле Димитар Бербатов и Владимир Југовиќ затоа што не биле доволно добри, но еден човек е посебно неталентиран за одбирање на таленти. Претседателот на Џенова ги одбил Меси и Левандовски.

Полска го откри новиот Левандовски

Има само 17 години, а веќе е дел од селекцијата на Полска до 21 година. На досегашните настапи за младинските репрезентации има фантастичен скор од 27 гола на 31 натпревар. Според карактеристиките, сличен е на голгетерот на Борусија Дортмунд и веќе е на мета на неколку европски клубови.