Таг: рк вардар 1961

РФМ до ЕХФ: Вардар е бренд на Балканот, ве замолуваме да донесете позитивна одлука

Ракометната федерација на Македонија одлучи да испрати писмо до ЕХФ во овие тешки и специфични мигови за двократниот европски првак.

Михајловски: „Рекла казала“ е муабетот дека Вардар должи, најверојатно ќе одиме на суд

Еден ден по најавата дека РК Вардар следната сезона ќе остане без настап во Лига на шампиони, се огласи претседателот на клубот кој вели дека правдата ќе ја тера до крај.

Лоши вести за Вардар кој најверојатно ќе извиси од ЛШ

Само еден ден по ракометната треска во Келн, место од кое скопската публика има силни спомени кои вечно ќе ги паметат, на површина повторно испливуваат старо новите проблеми на двократниот првак на Европа.

Делириум пред сала, Тале во елемент качен на ушка

Триумфот на дербито против Еурофарм Пелистер, клучен за титулата, ракометарите на Вардар почнаа да го слават прво во соблекувалната во салата во Битола, а потоа на свој терен. Пред Јане Сандански ноќта имаа славенички пречек од Комити кој вреди да се погледне.

Врвна првомајска шега на Чкембари и Столе

Ајде сега барем за момент да ги ставиме на пауза ривалството, паролите, скандирањата, инцидентите, трката за титулата. Тргнете се да поминат Столе Стоилов и Чкембарите.

Шампионско славје во соблекувалната во Боро Чурлевски, па шампионски пречек пред Јане

Со триумфот над Еурофарм Пелистер од 23:26, Вардарци на три кола пред крај во кои се апсолутни фаворити, се на чекор до шампионската титула број 15. Славењето на ракометарите почна уште во соблекувалната во битолската сала, а потоа продолжи во Скопје, каде беа пречекани од Комити.

Атмосферата во Јане Сандански повторно во фокусот на ЕХФ

И покрај тоа што ова не се денови на радост за Вардар, кој во рок од неколку дена загуби дома од Еурофарм Пелистер, па од Веспрем, сепак верноста на навивачите синоќа повторно беше на ниво. ЕХФ тоа го препознава и го истакнува.

Дебакл на Вардар во Јане Сандански

По поразот од Еурофарм Пелистер во Суперлигата, ракометарите на Вардар повторно загубија пред своја публика, овој пат од Веспрем во осминафиналето на ЛШ.

ЕХФ ги суспендира руските и белоруските екипи, Вардар доби службена победа во ЛШ

Европската ракометна федерација ги суспендираше руските и белоруските екипи од сите натпреварувања кои се под нивна капа. И машки и женски. Истото важи и за репрезентациите.

„We Are the Champions“ со новиот тренер на Вардар

Тогаш ја имаше функцијата на помошник тренер, а четири години подоцна добива поголема одговорност, а тоа е да го води двократниот првак на Европа. Незаборавното шампионско селфи на Давид Дејвис за време на вардаровата ерупција на плоштад, на 6 јуни 2017-та.

Веселин Вујовиќ катастрофално го води Вардар

Седум порази во низа во Лигата на шампионите се доволна причина за да се преземе одговорност.

Вујо ги искара браќата Њокас

Вардар бележи втор пораз по ред во Лига на шампиони. По мечот против Монпелје во Скопје, црвено црните загубија и на гостувањето кај ланскиот финалист Алборг со 33:29. Вујовиќ ги загуби нервите поради млаката одбрана и лесните продори на Палмарсон, а потоа се сврте накај Њокас: Ок ли сте? Ова не е ракомет.

Кевин Њокас во ултрас издание со Комити

Едвај две недели има откако направи трансфер од Металург во Вардар, а веќе ги воодушеви навивачите и со вакви гестови им станува миленик. Њокас блесна против Мешков Брест со 8 од 8, а вечерва во дербито против Пелистер навиваше и скокаше од трибина како прав навивач.

Голманот на Вардар долго ќе го памети првиот триумф во ЛШ

Мартин Томовски е прв голман, а Али Сафар од Кувајт е резервен во Вардар. Има 27 години а ова за него е прво европско искуство во кариерата. Висок е речиси два метри (1.99 см, тежи 106 килограми). Професионалната кариера ја почнал во 2014 во Алсалмиј а во 2019 доаѓа во Кувајт. Го викаат „пајак“ зошто брани маестрално.

МТВ ќе го пренесува Вардар 1961 во Лига на шампиони и Металург и Еурофарм во ЕЛ

Македонската радио телевизија (МРТ) ја израдува спортската јавност во земјава, откако соопштија дека ќе ги даваат натпреварите на македонските клубови во еврокуповите.