Таг: месо

Како Америка за малку ќе станела земја на одгледувачи на - нилски коњи

Во 1910 еден неуспешен законски предлог требало да ја зголеми достапноста на евтино месо преку увоз на нилски коњи. Од оваа „езерска крава“, како што ја нарекол Њујорк Тајмс, би биле правени вкусни колбавчиња и сланинче. 

Маслинесто вагју, најреткиот стек во светот

Месо од Кагава, Јапонија, од говеда хранети со остатоците од маслинки цедени за зејтин.

За месо што правиме?

Не дека не е убаво кога некој ќе поништи ерес од типот дека јадењето месо е причина за епидемијата на рак, ама народ толку се возбуди околу новава студија како па до сега да му се тресеа на секој залак месо.

Планетава не ја спасуваш со нејадење месо

Проблемот што планетава го има со индустријата за месо се должи на масовноста на вторава, и ова обично се решава со бојкот на јадење месо, што пак со тек на време доведува до барања за дополнително оданочување на месо и слични мерки кои веќе на пример се употребуваат за тутунот.

1,1 милијарда килограми месо

Ова е вкупната количина на вишок говедско, свинско, пилешко и мисиркино месо што моментално лежи во индустриските ладилници низ САД, и ако се производителите за верување, веќе снемува место за чување на вишокот.

„Месо“: изложба за борбата помеѓу животот и смртта

Во Altes Museum во Берлин се отвара изложба на древна и современа уметност, која го истражува постојаниот конфликт помеѓу живите и мртвите во човечката култура.

Франција забрани вегански фори

Или е сланина или е нешто вегетаријанско, и како сакаат нека го решат, ама не може да биде „вегетаријанска сланина“, одлучија француските парламентарци.

Со плескавиците да не ја повториме грешката како со „растителниот кашкавал“

Производителите на месо веруваат дека е вистински момент да се дефинираат некои обични термини како „месо“ „телешко“ и други, пред оние вештачки лабораториски варијанти да почнат масовно да ги збунуваат луѓето. Ентони Бордејн пак, ваквите „меса“ ги смета за непријатели.

Се динста нов данок, данок на месо

Целата онаа глобална предигра против црвеното месо (триглицериди, ракови) доаѓа до својата логична фаза: сексот. Месото во иднина да се третира како порок и како такво, акцизно да се оданочи. Сето тоа спакувано како грижа за здравјето на луѓето и планетата.

Стокава има сите да нè убие

Метанот е стакленички гас што е 86 пати поштетен отколку јаглерод-двооксид и по ново до неодамна сериозно сме потценувале колку многу го произведуваме. А го произведуваме по две основи: вадење нафта и гас, и одгледување стока.

На скара во Токио

Додека мноштвото кафанџии во градот се натпреваруваат кој ќе биде богот на сушито и општо морската храна, човеков работи на скара на ќумур. Има секакви меса од овие регуларниве и тоа по распоред што он ќе ти го каже. Уште една фина фора од газдата: не дозволува деца во кафаната (ни со родители).

Вегани, вегетаријанци и...редуктаријанци?

За сите оние кои се обиделе целосно да го исклучат месото од исхраната, и не успеале, сега има нов, попрагматичен пристап. Како и за секој нов тренд, и за овој има книга.

И човекојадците се хранат погрешно

Студија на оваа тема обелоденува дека во споредба со другите животни, човечкото месо има слаба нутритивна вредност и дека тој што решил да јаде луѓе, везден ќе ака гладен.

Не купувајте пилешки стекови со онакви, бели

На фотографијава имате три доста слични пилешки стека. Кој од нив би го купиле?

Гаџет на денот: Душкач на храна

Идиократијата е во полн залет а науката со полна пареа го билда конзумеризмот и глупоста која веќе не верува ни на сопствениот нос. Го ставате ова пластично чудо на нос, се приближувате до месо и тоа ви вика: "Јас ова не би го јадел".

Кој бил првиот модерен вегетаријанец?

Пред повеќе од две илјади години постоел човек за кого се велело дека може да оди по вода и да ги лекува болните. Бил голем мудрец, кој верувал дека откако ќе умре повторно ќе се роди. Неговото име - Питагора.

Илјада причини за рај

Извадок од непишаната автобиографија, заглавие "Како не станав вегетаријанец". П.С. немој да го лижете екранот, не изгледа фино кога ве гледа човек од страна.

Зашто брокула ни за на трезно не е

Согласно непишаното правило дека човек на пијано го прави она што не смее но го посакува на трезно, третина вегетаријанци признаваат дека под дејство на алкохол посегнуваат по нивното единствено забрането овошје - месото.

Уметнички проект: месо од епрувета

Meсо во форма на цветна пупка, којашто се отвара кога ќе ја ставите во жешка чорба? Телешко „предиво", кое може да се плете директно на вашата чинија и пржени крокети направени од месо на исчезнатата птица додо - сето ова се наоѓа на менито на Bistro in Vitro.