Не купувајте пилешки стекови со онакви, бели

На фотографијава имате три доста слични пилешки стека. Кој од нив би го купиле?

Благодарејќи на муабетот дека е поздраво месо - а на радост на нас, љубителите на понездравoтo - пилешкото месо станува сè попопуларно во делот од светот кој е опседнат со здравиот живот. На толкава побарувачка, производителите се принудени што побрзо да вадат месо на пазарот.

А брза кокошка бели ленти вади. 

Видео кампања на организацијата Compassion in World Farming се обидува да ги едуцира луѓето за тоа што значат белите ленти маснотија кои сè почесто доаѓаат со пилешкото месо.

Станува збор за пореметување на мускулната маса кај живината. Не е штетно за конзумирање но говори за условите во кои пораснало пилето.

„Белите ленти“ значат деградиран квалитет на месото и зголемување на неговите маснотии и до 224%.

Денес живината се созрева до својата трпезна големина за само 47 дена. Во 50-тите години, за истата килажа ѝ биле потребни 70 дена.

6 март 2017 - 17:41