Таг: манчестер јунајтед

Срамен пораз на Јунајтед во 95-та и нов гол на Роналдо

Кристијано Роналдо не успеа да му се израдува на голот во ЛШ, како во саботата против Њукасл, бидејќи си замина поразен од Швајцарија. Јанг Бојс им нанесе шок и се избори за целосен пресврт во финишот.

Тројца фудбалери на Њукасл му го бараа дресот на Роналдо, добија ист одговор

Португалецот имаше второ блескаво деби на „Олд Трафорд“ и со гол беше творец на триумфот против Њукасл (4:1). После мечот му аплаудираа сите, цел стадион, противнички навивачи, му честитаа судии а дури тројца противнички фудбалери му го побараа дресот ама добија ист одговор: морам да го вратам кај економот.

Олд Трафорд се тресе, експлозија на Роналдо со два гола и победа над Њукасл

Појако враќање дома и не можеше да посака. Два гола, победа, скандирање на неговото име, мајка му на трибина, како и неговиот фудбалски татко Сер Алекс Фергусон.

Кам бек на Роналдо на Олд Трафорд со гол

Не само што го видоа во прва постава уште на првиот меч, туку веднаш даде гол и предизвика еуфорија на култниот стадион во Англија. По пауза од 12 години, Кристијано Роналдо се врати на Олд Трафорд со погодок против Њукасл.

Роналдо: Фергусон ми е како татко во фудбалот и тој е клучниот човек што се вратив

Ексклузивното интервју во дрес на Манчестер Јунајтед со Роналдо го имаше Манчестер Јунајтед за својот сајт. По вчерашниот емотивен статус на Инстаграм, повторно може да се заклучи дека Кристијано е пресреќен за кам бекот во клубот со кој има посебна врска.

Кога Роналдо го учеше малото дете Џеси Лингард

Во летото 2003-та, 18-годишниот бисер на Спортинг Лисабон потпиша богат договор со Манчстер Јунајтед откако на пријателска средба неколку дена претходно ги шина бековите на англискиот клуб. Кога дојде на „Олд Трафорд“ ги учеше децата како да дриблаат. Џеси Лингард го гледаше во чудо.

Роналдо: Се вратив таму каде што припаѓам, Сер Алекс ова е за тебе

Кристијано има статус на Инстаграм кој за 1 час имаше преку 6 милиони лајкови, а кога кликнавме за кратко Ф5 станаа преку 7. Обраќањето му е емотивно, со многу љубов и радост што се враќа дома. Последната реченица му е врв.

Пенал за Манчестер Јунајтед е јас кога ќе кажам

Главниот судија на мечот Манчестер Јунајтед - Лидс Јунајтед за играчи до 18 години и да сакаше не можеше да донесе полоша судиска одлука од оваа. Изгледа син му игра за Лидс или па на три корни пенал се договорени.

Трансферот на Роналдо бил среден за неколку часа, а телефони вртеле и негови соиграчи

Кам бекот на Роналдо во петокот ноќта го изненади фудбалскиот свет, бидејќи очекувањата беа дека ќе стане нов член на Сити. Но кога Хорhе Мендеш видел дека таму се закочила работата, го свртел бројот во другиот Манчестер и брзо ја завршил зделката.

Солскјер на времето го возел Роналдо по трговски центри и му нашол репетитор

Кога пред десетина година се сретнале додека Кристијано беше играч на Реал Мадрид, Сослкјер му рекол: „Каде и да играш, колку и да вредиш, твојот дом секогаш ќе биде Манчстер Јунајтед“. Португалецот се врати на местото каде го лансираа во орбитата.

Лузер на денот

Кристијано Роналдо ќе прави трансфер во Манчестер Сити? Да не го видам, ни него, ни дресот.

Спектакуларен еврогол на Олд Трафорд во стилот на Сколс

Манчестер јунајтед одигра 2:2 против Брентфорд како дел од подготовките за новата сезона. Андреас Переира кој минатата сезона играше како позајмен играч во Лацио, испали проектил за најавни шпици.

Давид Де Хеа последен пат одбранил пенал во 2016-та

Манчестер Јунајтед и Виљареал одиграа сјаен меч кој го круниса пенал серија со дури 22 изведени пенали откако после 120 минути фудбал резултатот беше 1:1.

Легендарно финале, Виљареал испиша бајка после 22 изведени пенали

Фудбалерите на Виљареал го освоија вредниот трофеј на Лига Европа, откако вечерва на пенали го совладаа Манчестер Јунајтед. Пенал серијата траеше бескрајно, се изведоа дури 22 пенали. Унаи Емери по четврти пат го крева овој пехар и влезе во вечноста.

Лобот на Кавани е мајсторија на вечерта

Манчестер Јунајтед одигра само 1-1 со испаднатиот Фулам. Во 15' минута конечно пред публика на „Олд Трафорд“, Единсон Кавани покажа зошто му понудија нов богат договор со клубот.

Господин Лига Европа - 5-ти пат ќе игра во финале

Унаи Емери треба да го добие трофејот во Лига Европа во траен посед. Како тренер играл во овој турнир седум пати, до полуфинале стигнал шест пати а пет пати во финале.

Солскјер да игра кладилница, ништо нема да погоди

На прес-конференција пред мечот Лидс Јунајтед - Манчестер Јунајтед на кој Езџан Алиоски го пцуеше Ван Бисака, тренерот на гостите Солскјер рече: „Нема да биде 0-0, гарантирам дека нема да биде 0-0. Играат два тима кои сакаат да напаѓаат и напаѓаат најбрзо што можат“.

Навивачи на Манчестер Јунајтед запалија американско знаме

По бурните протести на навивачите на Арсенал против претседателот на клубот Американецот Кроенке, денес и навивачите на Манчестер Јунајтед жестоко протестираа против американскиот сопственик Глејзер.

Фудбалска Европа ја потресе земјотрес, доцна вечер основана Суперлига, УЕФА беснее

Фудбалот набрзо веќе нема да биде онаков каков што го знаеме. Најбогатите елитни клубови решија да го делат колачот само за себе, не со посиромашните клубови. УЕФА и ФИФА спремни да удрат со сите оружја.

Пиштол гол натрапник го прекина мечот Гранада - Манчестер Јунајтед

Службите за безбедност на мечот од четвртфинале во Лига Европа меѓу Гранада и Ман. Јунајтед ни на крај памет не размислувале дека спокојната вечер на празен стадион ќе ја прекине натрапник.

Играше Лига на шампиони со Манчестер, сега со години мести гипс картон

На 18 март 2003-та година на бучниот „Риазор“ пред 25.000 души во групна фаза од Лигата на шампионите играа некогашниот шпански првак Депортиво Ла Коруња и англискиот гигант.

Топла приказна на денот - Пол Сколс црта за син му со аутизам

Некогашниот лидер и права легенда на Манчестер Јунајтед има занимливо хоби. Карантинските денови ги проаѓа во цртање за син му Ејден кој пати од аутизам.

Мегваер и Џејмс со невозможни утки на годината, Милан казни во 90+2'

Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, кој Манчестер Јунајтед го плати 87 милиони евра, вечерва против Милан во Лига Европа промаши неверојатен зицер. После и неговиот соиграч Џејмс се посрамоти па Милан израмни на 1-1 во 90+2' минута.

Јакиот полуфинален двобој меѓу Милан и Манчестер кој заврши 5:3

Да, вечерашното нивно соочување во Лига Европа ни ги враќа спомените кога се сретнаа во Лига на шампиони, а реално таму и повеќе ги личи. Колку силна и неизвесна битка беше тоа во која Ферги немаше лек за големиот Милан кој потоа го крена пехарот.