Таг: каљари

Јунакот кој одби 50.000 евра за местенка не го издржа првото интервју во Серија А

Парите и интервјуто немаат врска едно со друго. Првото е старо и за тоа доби признание од Блатер, а второто е многу емотивно и е јунак само затоа што сега игра фудбал и тоа во прва лига. На негово место сигурно некои би се откажале.

Колку пари заработуваат Македонците во Серија А?

Италијанскиот фудбал полека излегува од кризата. Да, до рекордни 1,1 милијарди премиерлигашки евра се далеку, но активноста на клубовите и инвестициите од Далекиот Исток носат оптимистични суми.

Второлигашот кој е закон дома сезонава е поуспешен и од Барселона

Само Баерн Минхен до овој момент од сезоната има собрано поголем број, односно максимален број на бодови, за разлика од екипата која бележи историска серија пред своите навивачи.

Идната ѕвезда во Серија А ја има Каљари

Федерико Сера, 97-мо годиште се соочи со неколку играчи на Верона Примавера кои ќе имаат трауми од ова што им го направи.

Хировите на суеверниот Италијанец што го води Лидс

Тренерската професија е најнесигурна работа. Често зависи од тоа дали импулсивниот претседател на клубот станал на лева нога. Ова е приказната за Масимо Челино, суеверниот газда на Лидс Јунајтед кој има по нешто од Џиџи Бекали, Здравко Мамиќ и Ѕампарини.

Човекот акробација - Маурицио Пиниља

Поранешниот вундеркид на чилеанскиот фудбал се препороди со маестралните ножички кои станаа заштитен знак на неговата игра, потег со кој редовно ги матира голманите.

Брат за брат, Лига Европа за Италијанци

Дуелот Фиорентина - Рома ќе биде 17 натпревар меѓу два клуба од Серија А во едно европско натпреварување. Од Интертото на времето, па до Лига на шампиони, Италијанците често играа едни против други.

Два дена на убави голови

Од Германија и Англија, до Франција и Италија, викендов во Европа паднаа неколку ефектни голови кои го обележаа колото. Во Бразил, голманот Рожерио Сени го даде 124. гол во својата кариера.

Земан со необична формација го тресна Интер

Зденек Земан е познат во Италија како тренер кој практикува напаѓачки фудбал, а тоа екстремно го примени на гостувањето против Интер. За едно полувреме неговиот Каљари направи водство од 4:1, а сликава покажува дека во напад тргнувале по 8 играчи.

Пандев го доби македонското дерби во Италија

Горан Пандев беше поуспешен од Агим Ибраими во дуелот на македонските интернационалци во италијанската Серија А. Поранешниот капитен на македонската репрезентација беше стрелец и изнуди два пенали во победата од 3:0 над Каљари.

Ибраими го спаси Каљари од пораз

По деби голот против Удинезе, македонскиот репрезентативец Агим Ибраими го постигна и вториот гол во Серија А. Фудбалерите на Сасуоло имаа предност по првиот дел од 1:0, а на стартот од второто полувреме конечните 1:1 ги постави Ибраими со удар од белата точка.

Гол првенец за Ибраими во Серија А

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ја начна мрежата во елитното италијанско фудбалско првенство. Тимот на Каљари славеше со 3:0 против Удинезе, а нашиот интернационалец асистираше при вториот и одлично се снајде во контра нападот по кој го матираше противникот.поставувајќи го конечниот резултат.

Контроверзниот рокер кој си купи уште еден клуб

Масимо Челино не е многу познато име во музиката, неговата примарна дејност е фудбалскиот клуб Каљари. Гитарата му е само голема пасија во животот која му овозможи да членува во група. Има доста солидно криминално досие, а деновиве стана нов газда и на Лидс.

Да го поместиме голот на аут линија

Епа само тоа сакавме да го кажеме од насловот, но еве го и името на царот кој игра за Каљари и се вика Даниеле Досена. Секоја чест за шутот.

Суазо со солзи го напушти фудбалот

Поранешниот голгетер на Каљари кој во 2006 година постигна 22 гола во Серија А и заедно со Кака ја поделија наградата за фудбалер на годината во Италија, се повлекува од терените поради големиот број на повреди.

Претседателот на Каљари заврши зад решетки

Првиот човек на италијанскиот прволигаш Масимо Челино, градоначалникот на Кварту, Мауро Контини и уште еден советник од општината, утрово се уапсени од страна на италијанската полиција поради проневера со пари.

Во Каљари нема седиште со број 17

Ако случајно одите на натпревар во Италија на реновираниот стадион на Каљари, немојте да се збуните ако не можете да го најдете седиштето со број 17. На стадионот Ис Аренас во Каљари такво седиште не постои.

Сам себе го суспендирал

Претседателот на фудбалскиот клуб Каљари, Масимо Челино ја презеде одговорноста за губењето на натпреварот против Рома со службени 0:3 и си се суспендираше.