Колку пари заработуваат Македонците во Серија А?

Италијанскиот фудбал полека излегува од кризата. Да, до рекордни 1,1 милијарди премиерлигашки евра се далеку, но активноста на клубовите и инвестициите од Далекиот Исток носат оптимистични суми.

Во денешното издание, Gazzetta dello Sport ги објави клупските буџети на сите тимови од најдобрата италијанска лига и колкав е поединечниот износ за плати за секој фудбалер.

Со 145 милиони евра за плати Јувентус е лидер во Серија А, а ништо помалку за своите фудбалери не одвојува ниту Интер со високи 120 милиони евра за плати. Рома дава 92 милиони годишно, Милан 80, Наполи 75, а Лацијалите 55.

Што се однесува до македонските фудбалери во Серија А, од нив, Горан Пандев заработува 800.000 евра по сезона во Џенова, тим во кој најскапо платен е репрезентативниот голман Матео Перин со 1,1 милиони евра по сезона.

Низ својата историја во Серија А, Пандев во минатото во Лацио заработуваше 500.000 евра по сезона, во Интер стигна до 3 милиони, а во Неапол на Сан Паоло заработуваше 2,5 милиони евра по сезона.

Со клубот кој синоќа прослави 123 години постоење, Пандев има договор до јуни 2017. година.

Прилепчанецот Илија Несторовски кој минатата сезона беше прогласен за најдобриот играч и стрелец во Хрватска, летово се пресели во Палермо каде до 2019. година ќе зема 400.000 евра по сезона. Другиот македонски репрезентативец во овој клуб, некогашниот Цементарец, Александар Трајковски заработува 350.000 евра годишно и има договор до 2020. година.

Илија Несторовски

На табелата најмал буџет за плати има новиот прволигаш Кротоне кој одвојува 14 милиони евра или колку две годишни плати на Гонзало Игуаин. Најскап играч на Кротоне е Лоренцо Крисетиг кој заработува 400.000 евра по сезона.

Највисоки буџети за плати во Серија А имаше во сезоната 2011/2012 кога стигнаа до 1 милијарда и 100 милиони евра. Во 2016. вкупниот буџет на сите клубови изнесува 927 милиони евра предвидени за плати.

Годишниот буџет за плати на секој тим сезонава и најплатениот фудбалер во секој клуб посебно:

Што се однесува до играчите од регионот, еве кои се најскапо платени фудбалери:

Един Џеко (Бих) - Рома, 4,5 милиони евра
Миралем Пјаниќ (БиХ) - Јувентус, 4,5 милиони евра
Марио Манџукиќ (Хрватска) - Јувентус, 3,5 милиони евра
Стеван Јоветиќ (Црна Гора) - Интер, 3,5 милиони евра
Сеад Хандановиќ (Словенија) - Интер, 2,5 милиони евра
Марсело Брозовиќ (Хрватска) - Интер, 1,5 милиони евра
Адем Љајиќ (Србија) - Торино, 1,4 милиони евра
Никола Калиниќ (Хрватска) - Фиорентина, 1,2 милиони евра
Никола Максимовиќ (Србија) - Наполи 1,2 милиони евра
Сенад Лулиќ (БиХ) - Лацио, 1,2 милиони евра
Филип Ѓорѓевиќ (Србија) - Лацио, 1,2 милиони евра
Јосип Иличиќ (Словенија) - Фиорентина 1,2 милиони евра
Милан Бадељ (Хрватска) - Фиорентина, 1,1 милион евра
Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија) - Лацио, 1 милион
Ервин Зукановиќ (БиХ) - Аталанта, 800.000 евра
Душан Баста (Србија) - Лацио, 800.000 евра
Ненад Томовиќ (Србија) - Фиорентина, 800.000 евра
Хрвоје Милиќ (Хрватска) - Фиорентина, 500.000 евра
Слободан Рајковиќ (Србија) - Палермо, 500.000 евра
Иван Варгиќ (Хрватска) - Лацио, 500.000 евра
Лука Крајнц (Словенија) - Сампдорија, 450.000 евра
Јасмин Куртиќ (Словенија) - Аталанта, 400.000 евра
Дарко Лазовиќ (Србија) - Џенова, 400.000 евра
Александар Пешиќ (Србија) - Аталанта, 350.000 евра
Милош Нинковиќ (Србија) - Џенова, 300.000 евра
Андрија Балиќ (Хрватска) - Удинезе, 300.000 евра
Саша Лукиќ (Србија) - Торино, 250.000 евра
Урош Чосиќ (Србија) - Емполи, 200.000 евра
Дарио Зупариќ (Хрватска) - Пескара, 200.000 евра
Раде Круниќ (Бих) - Емполи, 150.000 евра

Серија А тим од најскапо платените 11 играчи:

Кај Дани Алвеш имаат направено грешка, платата му е 3,5 милиони годишно.

Годишни плати на секој тренер во Серија А и до кога им трае договорот. Најскапо платен е Макс Алегри од Јувентус со 5 милиони евра по сезона: