Таг: голман

Приказна на годината за навивачот кој спаси натпревар

Некои фудбалски случки се до толку јаки и неверојатни што да ти ги раскажува некој со доказ, пак нема да може да му се верува. Ова го има само во Јужна Америка. Да живее фудбалот и навивачите без кои не се може.

Меси меѓу голманите кој се откажал од кариерата манекен за да брани

Тивко пристигна од Бразил во Европа, ја чекаше својата шанса и ја дочека. Во моментов Алисон Бекер е еден од најдобрите голмани на светот по многу параметри.

Ова ни двајца голмани не го бранат

Стејн Шарс важеше за еден од најталентираните холандски фудбалери од генерацијата ’84. Во 2006-та стана европски првак со Холандија У-21 а еден негов пенал ќе се памети како најнеодбранлив. Уругвај и Холандија играа пријателска во Монтевидео на турнирот наречен Copa Confraternidad. Мечот заврши 1-1 па се прејде на пенали.

Клаудио Браво асли пеналџија

Пеп Гвардиола маестрално го ротира составот и за помалку важните натпреварувања му играат резервите кои во било кој друг тим би биле првотимци. Така голманот ветеран од Чиле ја искористи секоја дадена шанса сезонава и брани пенали како луд.

Кои се голманите кои давале голови во Серија А?

Голот на Алберто Брињоли со кој Беневенто освои прв бод во Серија А не е единствен даден од чувар на мрежата којшто ги израдувал сите навивачи.

Кој е голманот што му даде гол на Милан за историја?

Чуварот на мрежата на дебитантот во Серија А, Алберто Брињоли после чудесниот гол со глава е лик на месец декември. Како му се одвивала кариерата?

Легендарниот голман со нервни тикови кој стигна до Манчестер Јунајтед

На 10 години малиот Тим не можел да се контролира. Опсесивно трепкал, постојано го чистел грлото со кашлање, нервозно ги спуштал рамениците, ги превртувал очите. Наставниците мислеле дека е невоспитан и некултурен, а тој заврши во Јунајтед.

Акција на навивачите на Феенорд за тажниот голман

Пред точно шест години починал 5-годишниот син на голманот на Феенорд Бред Џонс. Малиот долго време боледувал од леукемија.

Голманот на Шапекоенсе почна со тренинзи по авионската несреќа

Џексон Фолман сега ќе биде голман на параолимписката репрезентација на Бразил. Ногата му ја ампутираа набрзо по авионската катастрофа и во февруари годинава решил да стане параолимпиец.

Голман ти си ц-а-р!

Некаде во Тунис, трета лига. Добро исполнети трибини, убав терен и: пар ролинзи кои два пати по ред му успеваа само на Зидан. Без заебанција само на Зидан.

Сеќавање на бекот на Венеција кој му одбрани пенал на Шевченко

На 7. ноември 1999 година, точно пред 18 години на крајот од мечот Милан - Венеција, голманот на гостите Казаца беше исклучен а неговиот тим во тој момент немаше веќе право на измени.

Бидна и тоа, Акифнеев не прими гол во Лига на шампиони

Од 1. ноември 2006 до 25. јули 2017. Толку време (речиси 11 години) траеше серијата на примени голови во Лига на шампиони на голманот на ЦСКА и Русија.

Врската меѓу Донарума и Милан траеше само година и пол

Од дебито против Сасуоло на 25. октомври 2015 до поразот во Каљари на 28. мај 2017 кога го одигра последниот меч за Милан. 19 месеци страшни паради, рекорди, грешки, радост и тага.

Ретко виден глупак за кој е малку и црвен картон

Видеово е старо, ама ако не сте го гледате морате плеј, за да видите до каде оди налудничавоста на правење театар се со една цел, некако да се стопира играта за да не се прими гол. Сите ќе умреме друже, ама не сега и тука, дај стани и не изведувај циркуз, ова ти е скроз забеган потег.

Серхио Ромеро - Најдобриот резервен голман на светот

Не се жали што има помала минутажа од Де Хеа за кого вели дека е фантастичен голман. Му беше криво кога менторот Ван Гал кој го донесе во Манчестер замина, но кај Мурињо добива шанса да брани во Лига Европа.

Испаднавме од лига ако чекам на вас

Фудбалерите на Трапани се на 18-та позиција во Серија Б, место кое води во плејаут, а доколку викендов славеа против Фрозиноне ќе излезеа од таа опасна зона. Кога губеа 1:0 на голманот Мирко Пиљачели му дојде преку глава. Штета што не му успеа замислата, блиску беше.

Пази леѓа голман

Мислевме дека овој стар голмански кикс на невнимание не се повторува, ама ете го после многу години се случува во полуфиналето од Купот на Полска, а го направи голманот на Арка. Нема изговор за ваква грешка.

Најштосната измама со голман еден на еден

Шваѓанецот Јеспер Блумквист кој пред да заигра за Милан, Парма и Манчестер Јунајтед во периодот од 1996-та до 2001-ва, како играч на Гетеборг на дуелот против Хелсинборг му ја направи најдобрата финта на голманот која се нема повторено и тешко дека ќе се повтори во фудбалот.

Голманска одбрана во кошаркарски стил

Со доза на среќа и одличен инстинкт, голман од аматерските англиските лиги ја направија најчудната интервенција која слободно можеме да кажеме дека беше само чиста случајност и ништо друго.

Првиот гол на голманот Рожерио Сени во кариерата

Пред точно 20 години, 24-годишниот Рожерио Сени го постигна својот прв гол во кариерата на мечот против Униао Сао Жоао. Од тој момент до крајот на кариерата постигна вкупно 131 гол, претежно од слободни удари или пенали. Важи за најдобриот изведувач на слободни меѓу голманите во историјата.

125-килашот од Сатон кој се спрема за Купот против Арсенал

Сезонава хит во Англија е петтолигашот Сатон Јунајтед кој преку Форест Грин, Вимблдон, Дартфорд, Челтенам и Лидс Јунајтед стигна до 1/8 финале на ФА Купот и ќе во своето селце ќе го пречека моќниот Арсенал.

Колку треба да си несмасен за да примиш ваков гол

Фудбалерите на Партизан се посрамотија на првиот меч од припремите на Кипар, каде загубија 2:1 од германски четвртолигаш. Дефинитивно најголемата вина оди кај голманот Филип Кљаиќ бидејќи рацете му се кашкавал.

Најатрактивниот кош од табла го постигна голман на Интер

За Јонут Андреи Раду тешко дека сте чуле. Се работи за 19 годишен Романец кој е дел од Интер од 2015-та, а има само еден настап. Еве што прави во слободно време кое изгледа го има на претек.

Како брани Џиџо Донарума на тренинг

Иако во февруари ќе наполни 18 години, Џанлуиџи Донарума веќе го доби статусот наследник на големиот Буфон. Донарума од натпревар во натпревар потврдува дека Италија и Милан ќе имаат голман на долги патеки.