Таг: фотографии

Последната книга и нејзините читатели

Рајнер Геритсен работи на книга за книгите, фотографирајќи ги луѓето кои читаат во метроата на Пекинг, Париз, Лондон и Њујорк. Неговата идеја е да ги регистрира последните читачи на книги на хартија, кои според статистичките податоци со кои тој располага ќе исчезнат до пролетта 2016.

Уметноста е меѓу редови

Во најновиот број на белградско Време (достапен само со претплата) Манчевски го објаснува својот однос кон фотографскиот медиум, и кон раскажувањето приказни. Наскоро, по премиерата во Венеција, ќе го презентираме и неговиот краток филм „Четврток“.

Фотографии со скриени лего коцки

Еден фотограф и еден скулптор се нафаќаат да ги здружат вештините, и да направат фотографии во кои границата помеѓу реалното и она направеното од лего коцки ќе биде замаглена. Обидете се на нив да ги пронајдете ваквите „коцкасти“ предмети, и ќе видите дека тоа и не е така лесно.

Четворица славни „багабонти“ под шатори

Во август 1918, кога имал 81 година, писателот Џон Бароуз заминал на 12 дневно патување со 71-годишниот Томас Едисон и помладите бизнисмени Хенри Форд и Харви Фајрстоун. Фотографиите сега се достапни онлајн, преку библиотеките на Универзитетот Харвард.

6. јули - Меѓународен ден на бакнежот

Замислена категоризација на бакнежите и фото-илустрација на истите. Аирлија денов и...знаете што треба да направите за да го прославите, нели?

Фото сензуалност

Уметничкото дуо Констанс и Ерик фотографирале околу 140 луѓе за време на секс. Не, ова не е порно галерија. Вака замаглена, како во сон, оваа универзална човечка активност делува многу пософистицирано отколку што најчесто е.

Субкултурата на брадестите

Брадата е еден благороден израсток на машкото лице, кој историски асоцира на востаници и одметници, а современо на наши драги пријатели и домашни. Како поддршка на нивните напори за небричење, и критика на секој обид за интервенција во оваа смисла, еве една фото серија, која отсликува една цела „брадеста" подкултура.

Мртва природа од рајдер листи

Ги знаете оние „рајдер листи" на музичарите, кои често содржат бизарни барања? Уметникот Хенри Харгривс ги оживува во фото серија, направена во стилот на старите сликарски мајстори.

Дјуд како фотограф

Од 1984 Џеф Бриџис почнал да го фотографира светот во кој живее тој и неговите филмски ликови - сетовите на снимањата, и она што се случува зад нив. Резултатот: голема збирка на широкоаголни фотки, со инсајдерски шмек.

Остани ѓубре до крај

Ако денес одите некаде на излет, не заборавајте по себе да си го соберете ѓубрето. Освен што со тоа ќе ѝ направите добро на природата, отпадот после можете да го искористите за креативни цели. Пример да ги искористите испиените стаклени шишиња пиво за - да купите уште пиво.

Маркес низ цитати и фотографии

Иако тој боледува од деменција, ние заборавивме да му честитаме - вчера „Габо", како што го викаат нагалено земјаците, наполни 86. Добра вест со оглед на тоа што неколку пати на интернет беше прогласуван за мртов.

И писателите имаат тела

Bare it For Books е проект на познати канадски писатели кои се организираат за во 2014. да објават календар на кои ќе позираат речиси голи, а во корист на канадскиот ПЕН и слободата на изразување на писателите од целиот свет. Но пред нив и други славни колеги се сликале, или ги сликале без маица, во костими за капење или ко од мајка родени. Еве некои од нив.

Нов филм на Ларс фон Трир

Откако првата ексклузивна фотографија од долго најавуваниот нов филм на Ларс фон Трир ги разочара гладните за скандал, кои овој режисер редовно ги снабдува со материјал, втората фотка е веќе нешто сосема друго...

Човекот со кого спиеш

Пред да почне навалицата од текстови поврзани со љубов, ангелчиња во лет и бонбоњери во форма на срце, еве еден убав визуелен приказ на најголемата интимност која можат да ја споделат двајца. Да, заедничкото спиење.

Долгорочното планирање на нашите баби

„Облека за умирачка" е истражувачки проект на Маргарета Керн, уметник од Лондон, базиран врз визуелно документирање и интервјуа со жени од Хрватска и Босна и Херцеговина кои, исто како и нашите баби и прабаби, уште додека се на нозе и во добро здравје си ја подготвуваат облеката во којашто сакаат да бидат погребани.

Книжевни графити

Од Њујорк до Ереван, луѓето читаат, имаат книжевни херои, и сакаат истото да го соопштат преку ѕидовите на нивниот град. Има ли некој ваков кај нас?

Извинете за сите грашки

„Нека оној кој во животот не напишал ниту еден текст со печатна грешка го фрли првиот коректор", би можела да гласи првата заповед на Божицата на совршениот текст.

Тагата на Барселона

Во новата книга на официјалниот клупски фотограф, Мигуел Руиз, се објавени до сега неприкажани фотографии од фудбалерите на Барселона по елиминацијата од Челси во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Фото на сезоната

Фотографијата со разочараното дете-маскота на Свонси е избрана за најдобра фотографија во Премиер лигата за сезоната 2011/12.

Реагирај, човече!

Тајландскиот фотограф Бенз Таначарт направил необичен проект. Глумел дека има Туретов синдром, изговарајќи куп неповрзани зборови во подземната железница во Банког, и ги регистрирал реакциите на сопатниците.

Чадорот наш насушен

Едно од трогателните својства на човечкиот род е да верува во моќта на сопствените изуми дури и во ситуации кога тие се очигледно бескорисни. Како морална поддршка на нашите пријатели заглавени во ураганот, но и како потсетување на кршливоста на цивилизацијата пред налетот на природна непогода со име и карактеристики на лоша жена.

Колку геј е геј?

Според важечките норми, мажите не се допираат многу-многу. Ракување, кратка прегратка - тоа е прифатливо. Но хетеросексуални мажи да се држат за раце или да се фаќаат околу струкот? Тоа е во најмала рака необично. Сепак, не било отсекогаш така.

Фотографии преку кои се гледа

Соња Собертас имала тежок живот. Доселеник во Квинс, таа во 1990-тите загубила две деца, а за работата да биде уште полоша, во исто време почнала да ослепува. Денес има 77 и прави неверојатно добри фотографии.

Бела креда железни врати отвара

Јонас Лаклас отвара магични врати на градските улици, само со помош на креда и фотоапарат.