Таг: елиф елмас

Хандановиќ му одбрани чист гол на Елмас

Со головите на Инсиње и Џеко, Наполи и Интер ремизираа во Серија А, резултат од кој може да профитира Милан, кој ако ја победи Сампдорија ќе биде прв. Топ шанса за 2:1 имаше Елиф Елмас во 69-та минута, но Хандановиќ излезе како победник во дуелот еден на еден.

Aсистенцијата на Елмас e пола гол

Со двата гола на Лозано, Наполи синоќа освои 3 тешки бода на гостувањето кај Михајловиќ во Болоња и му се доближи на второпласираниот Милан на -2. Елиф по лево ја одигра во негов стил и го намести првиот гол.

Голот на Елмас, снимен од трибината на Наполитанците

Одбраната на Милан веројатно не очекуваше гол од Елмас со глава, нешто што не му е специјалност, па го потценија за време на корнерот. Го чува Сандро Тонали, а не некој од дефанзивците, а во празно скока и Ибра. Навивачите на Наполи се во делириум.

Спалети за Газета дело Спорт: Елмас е веќе шампион

Стратегот на Наполитанците кој му дава најмногу минутажа и слобода на Елмас, воопшто не штеди зборови за македонскиот репрезентативец. Пофалбите за него се врвни. Доби оценка 7,5 и коментари од типот: Одигра натпревар како вистински марсовец!

Разговорот меѓу Рики и Елмас пред мечот Милан - Наполи

Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски му пишува порака на Елиф Елмас пред големата битка во Серија А. Елмас му одговара со сеќавање на еден емотивен момент. Е тоа е фудбалот.

Голот на Елмас со кој го покори седумкратниот првак на Европа среде Сан Сиро

Само 10 дена откако со два комада го однесе Наполи во нокаут фазата од ЛЕ, Елиф Елмас е главен протагонист и на дербито на колото во Серија А, кое го реши со еден потег.

Гласајте за Елмас, кандидат за играч на неделата во Лига Европа

Не се само Наполитанците, Лучано Спалети и италијанските медиумите тие кои го препознаа и уважија одличниот перформанс на Елиф Елмас, туку и УЕФА.

Елмас во фокусот на насловните страници, Спалети му ветил нешто на полувреме

Фантастична ноќ за сјајното момче Елмас како што го нарече Лучано Спалети. Европски бомбардер е еден од насловите во италијанскиот печат, бидејќи македонскиот репрезентативец со два гола го реши Лестер и го однесе Наполи во нокаут фазата од Лига Европа.

Елмас ја начна мрежата на Лестер

По половина час игра, Наполи има предност од 2:1 против Лестер во директниот дуел за пласман во следната фаза од Лига Европа. Вториот гол за Наполитанците е дело на Елиф Елмас кој во 24-та погоди за 2:0.

Елиф Елмас пред голем јубилеј - 100. меч во дресот на Наполи

Македонскиот бисер Елиф Елмас вечерва ќе го одбележи својот прв голем јубилеј откако е дојден во градот под Везув, на југот од Италија. На мечот Сасуоло - Наполи некогашниот фудбалер на Работнички и Фенербахче, ќе го одигра својот 100. меч во дресот на Наполи.

Голот на Елмас против Спартак и големата двојна шанса

По одличната партија против Исланд, Елиф Елмас се истакна со нова голгетерска партија и во дресот на Наполи. Македонскиот репрезентативец биеше прецизно со глава, но само го ублажи поразот на својот тим во претпоследното коло од Лига Европа.

Снимај брат, сега ќе дадеме гол

На радоста на головите на Македонија им нема крај. Порано гол не можевме да дадеме, а сега тие станаа рутина и вредат историја. Најслатко е кога ќе фатиш некој со телефон, како овој на Елмас против Исланд за 2:1, за делириум во друштво, на трибина и на цел стадион.

Легендата за новиот македонски јунак: Дијамант брусен во слаткарница

Најважно е што тој гордо и со емоции ја пее химната, а кога игра за Македонија го дава последниот атом на сила. Една мала анегдота: Елиф знае да ги прави најдобрите тулумби и колачи. Барем така велат неговите соседи. Да не беше фудбалер, сигурно и тој ќе беше слаткар.

Мајстор Елиф Елмас од навивачки агол

Некои натпревари и датуми остануваат засекогаш запеметени како историски. Таков беше 12 ноември 2020-та кога Пандев ја реши Грузија и ја однесе Македонија на Европско. Таков е и 14 ноември кога за прв пат влеговме во финишот за битка на Светско. Ќе се потсетуваме, ќе се радуваме и ќе се ежиме на вакви видеа.

Заслужено кафанско опуштање на јунаците

Почнаа со „Земјо македонска“ во соблекувална, па продолжија со „Земјо македонска“ во кафана. Атмосферата на Инстаграм на кратко ја пренесе Дамјан Шишковски, а од фотографии на социјалните мрежи налетавме на Елиф Елмас, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов. На здравје момци.

Убава акција на Елмас по која Наполи го даде голот за победа

Наполитанците ја продолжија импресивната низа во Серија А, а синоќа ја оправдаа фаворитската улога и против Салернитана која ја добија со 0:1. Стрелец на голот беше Зјелински во 61-ва минута, а главен креатор на акцијата беше Елмас со одлични проигрувања. Има голема минутажа откако Спалети го води Наполи, а тоа е добро и за него и за Македонија.

Елиф мешаше во соблекувална

Клупскиот колега од Косово, Амир Рахмани го снимаше Елмас и напиша дека бил роден само за на свадби. Адекватна атмосфера во соблекувална за тим кој има 8 од 8 во Серија А. Во Лига Европа играат дома против Легија.

Необична асистенција на Елмас до Виктор за победа на Наполи

Наполитанците не знаат што е ни пораз, а ниту нерешен резултат во Серија А. Стартот им е перфекција изразена со 8 победи, 19 дадени и 3 примени гола. Торино го совладаа на 10 минути до крај со голот на Виктор Осимен на асистенција на Елмас со грб.

Елиф Елмас постави рекорд, гол за Наполи во 11-та секунда

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас блесна на стартот од мечот Наполи - Спартак Москва и откако искористи грешка на гостинската одбрана, даде гол уште во 11-та секунда.

90 минути за Елмас, головите на Наполи кој од кој поубав

Перфектен старт на Наполи под водство на Лучано Спалети, единствен во италијанско кој сезоната ја почна со 4 од 4. Инсиње, Рахмани, Кулибали и Лозано како да се натпреваруваа против Удинезе кој ќе го даде голот број 1 на мечот.

Атрактивен гол на Наполи за кој мајсторишаа Елмас и Инсиње

По 64 минути игра, Лестер синоќа имаше предност од 2:0 против Наполи. Но потоа влезе Елмас и Наполитанците со двата гола на Виктор Осимен стигнаа до реми. Првиот го изработија Инсиње, Елмас и Фабијан на мал простор како на мал фудбал. Финишот на Нигериецот е мајсторски.

Големата шанса на Елмас кој се закани и со ножички

Македонија под водство на Боби Милевски се изнаигра со топка, прикажа голема доминација на сите три средби, посед, повеќе удари, но нешто не штима во напад. Од шансите за гол, можеби оваа синоќа беше најзрела, кога Елмас за малку ќе го имаше по насловни од Скопје, преку Букурешт па до Неапол.

Супер почеток на Елмас во Серија А, го ставија во најдобриот тим на колото

Елиф Елмас со гол ја стартуваше новата сезона во Италија и доби висока оценка за настапот, а тоа го радува не само Лучано Спалети, туку и Благоја Милевски. Следната недела Македонија игра мундијалски квалификации.