Таг: дерби

Најбрзиот гол на миланското дерби

Викендов се игра 212 официјален натпревар помеѓу големите градски ривали Милан и Интер. Легендарниот Малдини ја имаше честа да одигра најмногу 57 мечеви, а Шевченко е рекордер со 14 голови. Најбрзата радост на Дерби дела Мадонина ја почувствува играч на Интер пред половина век.

Не е априлилили

Ич да не му ја секирате за наредниот месец. Твитерџијата @SiaranBolaLive ја стокми фудбалската понуда во едно. Вие само дешифрирајте ги амблемите и ќе видите што ве чека.

Викенд на фудбалски дербија

На оние кои им беше малку тридневната неделна понуда со фудбал во ЛШ и ЛЕ, нека се подготват за богатиот викенд во кој ќе гледаме од „Ел Класико“, потоа дуел помеѓу Венгер и Мурињо па се до интересната пресметка на „Филип Втори“ помеѓу Вардар и Шкендија.

Супер викенд со четири дерби пресметки

Ливерпул ќе го има најтешкиот противник на „Енфилд Роуд" каде гостува лидерот од Премиер лигата, истото важи и за фудбалерите на Монако кои го пречекуваат ПСЖ, ранетиот Милан ќе патува на жешкиот „Сан Паоло", а во Рим ќе се игра вечното дерби. Нова супер сингл понуда на Типстер.

Најголемите симуланти на повреди ќе играат во аматерска лига

Се сеќавате ли на случката на италијанското дерби на срамот? Епа дисциплинската комисија на фудбалската федерација актерите “ги почести“ со најсочни казни и ги исфрли од лига.

Цел град го бојкотира дербито во Џенова

Ривалството помеѓу навивачките групи на екипи од ист град секогаш дека е огромно и ризично кога на програмата се игра градско дерби, но овој пат тоа донесе обединување, односно заеднички бојкот за еден од следните мечеви во Серија А.

Залута во шума, но стигна на време за натпреварот

Капитенот на англиската репрезентација за играчи до 21 година, Андре Виздом имаше непријатно искусто на пат за накај стадионот, но важно се извлече жив и здрав.

Дерби на срамот во Италија кое заврши по 20 минути

Оваа случка во третата италијанска лига некој би рекол дека може да се случи само во "дива лига". Гостинските фудбалери со симулирање на повреди намерно си го преполовија тимот и го принудија судијата предвреме да свирне крај.

Манијаците и Питарите “го запалија“ Сараево

Босанците исто како и нас не можат да се пофалат со некоја силна и квалитетна фудбалска лига, но додека во македонското првенство градските дербија се играат среде бел ден со скромна навивачка атмосфера и неколку стотици гледачи, таму таквите натпревари се рамни на религија.

Богата викенд дерби понуда во Типстер

Токму ова го чекавме со душа. Дерби во Шпанија, Англија, Германија, Франција, Португалија. Вистинско време за уживање пред малите екрани со пиво и пуканки, но и разонода со нашиот Типстер каде очекуваме да ги покажете вашите вештини во типување на најинтересните средби овој викенд.

„Суперкласико“ ја прослави јубилејната 100 годишнина

Едно од најголемите и најпрочуените фудбалско дерби во светот помеѓу лутите градски ривали Бока Јуниорс и Ривер Плејт викендов прослави точно 1 век од одигрувањето на првиот официјален меч. Според некои статистики дури 70% од аргентинските навивачи ги поддржуваат овие две славни екипи.

Трибина на стадионот на Дерби ќе носи име на економ

По примерот на англискиот клуб Дерби, за педесетина години трибината на стадионот во Автокоманда би го носела името на Елвис (Џемо) - економот на Работнички, Вардар и Металург.

Најстарото фудбалско дерби во светот слави 153 години

Првиот шут со топка на официјален напревар се случил во колевката на фудбалот, Англија во далечната 1860 година, а честа до денес да ја сочуваат традицијата ја имаат Шефилд и Халам кои овој викенд ќе ја одиграат меѓусебната 153-та дерби пресметка.

Шалке-Дортмунд е повеќе од локално дерби

Викендов цела Германија заборави на Баерн Минхен. Во саботата се одигра натпреварот помеѓу Шалке и Борусија Дортмунд, жестокото дерби на областа Рур кое прерасна во најголемо ривалство во цела Германија.

Најстарото дерби на светот забранува убиства

Секоја година во Дербишир се одржува најмасовниот и најбруталниот натпревар кои Англичаните сакаат да си го викаат фудбалски меч. Од овој спорт потекнува и поимот „дерби“  и има само неколку правила, а едно од нив е дека се забранети убиствата.

Дербито Ренџерс-Селтик е сѐ освен фудбал

Викендов во Шкотска се одигра „Олд фирм" дербито помеѓу Ренџерс и Селтик. На натпреварот паднаа пет гола, но како што и се очекуваше, беа покажани и три црвени картони. Дербито на Глазгов е многу повеќе од фудбал, многу повеќе од спортско ривалство.