Таг: бешикташ

Турски туризам за реанимација на кариерата на Марио Гомез

Ретко кој фудбалер може да се пофали со достојно враќање од турскиот фудбал каде ѕвездите најчесто одат пред крај на кариерата или за богати договори. Марио Гомез докажа дека Турција знае да послужи и за ожживување на формата.

Мурињо и Ибра ќе патуваат во Брисел, Бешикташ со Лион

По ждрепката за ЛШ која донесе „мед за око“, попладнево во Нион се влечеа и паровите за четвртфиналето во Лига Европа.

Турските навивачи направија спектакл со сиртаки прослава

Олимпијакос претрпе тежок пораз од 4:1 на гостувањето против Бешикташ, а по четвртиот погодок домаќините направија шоу и со препознатливата грчка музика го тролаа противникот за елиминацијата во Лига Европа. 

Конфликтот на Ердоган со Холандија можен проблем за УЕФА

Во случај вечерва Бешикташ да го мине Олимпијакос (1:1) и Ајакс Копенхаген (1:2), УЕФА ја разгледува можноста да спречи евентуална средба на турскиот и холандскиот тим во четвртфиналето.

Му го испи мозокот со еден потег

Винсент Абубакар од Бешикташ демонстрираше дриблинг пред турската јавност, мислиш во Бразил е роден, а не во Камерун. Го измести противничкиот играч кој не знаеше што го снајде. Роналдињо мајсторе, што ќе кажеш?

Рома се предаде во Лион, реми во грчко-турското дерби

Дури 20 гола паднаа на 5 натпревари во терминот од 21 часот во Лига Европа. Олимпијакос и Бешикташ ќе решаваат во Истанбул, а Лион во судиското продолжение со евроголот на Лаказет ја совлада Рома.

Лестер на турски се вика Башакшехир

На 12 кола до крајот на турското првенство, еден од најсериозните кандидати за титулата е клубот од брегот на Црното море во европскиот дел на Истанбул. ’Портокаловите’ се цврсто решени да ја разбијат монотонијата на Големата тројка во лигата.

Најемотивната прослава на гол во Турција

Турците имаа крвав викенд со 38 жртви кои загинаа во терористички напад во близина на стадионот на Бешикташ, а тоа донесе потресна слика и солидарен гест на играч со полицијата.

Плачки во Киев, Бешикташ губи 5:0

Во групата Б, фудбалерите на Бешикташ требаше само да слават против Динамо Киев на гости за пласман во осминафинале и потоа уво да не ги боли за исходот од дуелот Бенфика - Наполи. Но по првите 45 минути им се случи кошмар. Примија 4 гола и добија црвен картон, а голманот Фабрицио по четвртиот гол беше срушен и психички. Во првите 15 минути од вториот дел нов шамар, а тоа е уште еден гол и уште еден црвен.

Луд меч и 6 гола во Истанбул, Баерн се смрзна во Русија

Во 30. минута Бенфика имаше 0:3 против Бешикташ а во 89. на семафорот стоеше 3:3. Ченк Тосун даде страшен гол со ножички, Баерн Минхен го доживеа и вториот пораз во групата.

Фајтот меѓу Наполитанците и Чарши Бешикташ

Да имаше понуда во кладилница за евентуални инциденти на мечот Бешикташ - Наполи во Истанбул, коефицентот сигурно ќе беше 1.20. Од причина што во Турција допатуваа околу 400 екстремни навивачи на Наполи, а оние на Бешикташ не се познати по садење дрвја и цвеќиња. Се начекаа на една метро станица близу стадионот.

Хет-трик на Меси, Бешикташ славеше во Неапол

Со седмиот рекорден хет-трик во Лигата на шампионите, Меси сам го победи Манчестер Сити на неговиот поранешен учител Пеп Гвардиола. Бешикташ го направи најголемото изненадување вечерва откако со 2:3 го победи Наполи на „Сан Паоло“.

Билиќ: Ни Фергусон, ни Анчелоти, Жељко е најдобар во Европа

Најдобриот хрватски тренер Славен Билиќ кој имаше фантастична сезона со Вест Хем во Премиер лигата, изјави дека во фудбалот нема тренер кој што му е до колена на Жељко Обрадовиќ.

Карлеуша, солзавец, титула и славје на Бешикташ

Новиот турски првак Бешикташ бурно ја прослави титулата освоена во првенството. Многу навивачи останаа надвор од стадионот, па имало проблеми со полицијата, а оние кои влегле ги забавувала Јелена Карлеуша, сопруга на фудбалер на Бешикташ.

11 кошмари во турскиот фудбал

Последната епизода насилства во турскиот суперлигашки фудбал на програмата одеше минатиот викенд за време на дербито Трабзонспор - Фенербахче. Во не така далечно минато се случија сериозно насилни настани.

Најверниот навивач на светот е од Истанбул

Откако Фенербахче и Галатасарај изградија нови стадиони, дојде редот на Бешикташ кој гради ултра модерно здание со капацитет од 43.500 места. Бабичката Миријам која има 100 години ја замолила управата на Бешикташ да го види новиот стадион, затоа што се плаши дека нема да го дочека отворањето. Управата на клубот ѝ излезе во пресрет и она го виде стадионот од болничка постела во живо.

Турски 12 годишен феномен

Детево се вика Емирхан Делибаш и потекнува од академијата на Бешикташ. После ова што го направи не му бега светска кариера за едно 10 години.

Турска супер лига - фанатизам и многу пари

Турската фудбалска лига летово е прва во Европа по трансфери на играчи за кои клубовите потрошија приближно 55 милиони евра.

Марио Гомез се опушти на турски тв канал

Бешикташ има обичај секој нов играч да гостува во клупското студио по потпишување на договорот. Така беше со Кварезма, така и со Марио Гомез од Фиорентина, кој даде маалски одговор на прашањето што мисли за Меси и Роналдо.

Машала Кварезма машала

Во Турција е традиција новиот фудбалер во клубот да биде пречекан во делириум уште на аеродромот. Португалецот Рикардо Кварезма по втор пат се врати во Бешикташ, каде му простија многу гревови од минатото.

Фернандо Муслера чудотворец

Со четвртата победа во низа, Галатасарај и после 31. коло ќе остане прв на табелата, пред Фенербахче и Бешикташ. Галатасарај поведе во 16' минута преку Озтекин, а Муслера до крајот со бравурозни одбрани го сочува голот на гостите.

Три клуба, три различни света во Истанбул

Европските фудбалски лиги влегуваат во финишот, а трката за титулата по сè изгледа најдраматична ќе биде на Босфорот, каде рамноправно се бркаат Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче.

Пандев не игра, но е близу до титулата во Турција

Со голот на Хакан Балта во 85' минута, Галатасарај вчера го прекина мачењето со Газијантеп и го искористи киксот на градскиот ривал Фенербахче. Голот значеше и луда прослава во студиото на клупскиот канал.

Детска селфи навивачка радост

Минатата недела Бешкиташ го елиминираше Ливерпул во Лига Европа на пенали, а за радоста по промашувањето на Ловрен денеска се појави видео од терен. Турците се луди за фудбал уште од мали, детево кое собира топки ќе ви каже зошто.