Лига Европа

Мурињо и Ибра ќе патуваат во Брисел, Бешикташ со Лион

По ждрепката за ЛШ која донесе „мед за око“, попладнево во Нион се влечеа и паровите за четвртфиналето во Лига Европа.

Четвртфинални парови во Лига Европа се:

АНДЕРЛЕХТ - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
СЕЛТА ВИГО - ГЕНК
АЈАКС - ШАЛКЕ
ЛИОН - БЕШИКТАШ

Првите средби од четвртфиналето се на 13. април, а реваншите се 7 дена подоцна на 20-ти. Полуфиналето ќе се игра на 4 мај со реванши една недела подоцна. Ниту една од осумте екипи која ќе игра во четвртфиналето не играше лани во оваа фаза на Лига Европа.

Финалето на Лига Европа ќе се игра на „Френд Арена“ во предградието на Стокхолм, Солна на 24. мај.