Таг: бешикташ

Торино ја шокираше Баскија, Ливерпул на колена

Фудбалерите на Евертон ја спасија честа на англиските екипи во Лига Европа, откако Бешикташ на пенали го елиминираше Ливерпул, а Фиорентина го исфрли Тотенхем. Атлетико Билбао доби шамар од Торино, а Интер со минимален резултат го мина Селтик. 

Првиот црнец што даде гол за Атлетик Билбао

Синоќешните натпревари од Лигата на Европа изобилуваа со голови, шанси, пенали, нереди и пантерски реакции на голманите. Ињаки Вилијамс стана првиот црн играч во историјата на Билбао што дал гол за баскискиот клуб.

Селтик на крајот до реми со Интер, нерешено и во Лондон

Фудбалерите на Ајакс, Генгамп, Севиља, Ливерпул и Виљареал победија на првите натпревари од 1/16 финалето во Лига Европа. Со една нога во следната рунда се Евертон и Наполи.

ЛЕ: Рома - Феенорд, Ливерпул - Бешикташ

По ждрепката за ЛШ, се извлекоа и паровите за нокаут фазата во Лигата на Европа. Бранителот на трофејот, Севиља ќе игра против Менхенгладбах, Интер против Селтик, а Тотенхем против Фиорентина.

Муарем на Меаца, Адеми во Глазгов против Селтик

По првите натпревари во Лигата на Европа пред две недели, второто коло продолжува вечерва, а најголемо внимание за нас привлекуваат дуелите на двајцата македонски репрезентативци, како и средбата во Лондон помеѓу Тотенхем и Бешикташ. 

Лондонската полиција подготвена за Турците

Во 24 часа, англиската полиција ќе има многу работа за да спроведе 7.000 навивачи кои од Истанбул ќе допатуваат во Лондон, да ги бодрат своите тимови во ЛШ и ЛЕ.

Арсенал во пеколот на Истанбул, Билбао во Неапол

Горан Пандев кој не се најде на списокот на Бенитез, вечерва ќе биде само гледач на Сан Паоло во двобојот за пласман во групната фаза од ЛШ. За таму вечерва ќе се борат и Копенхаген – Баер Л., Стеауа Букурешт – Лудогорец, Бешикташ – Арсенал и Салцбург – Малме.

Навивачите на Бешикташ најгласни на светот

Се уште неофицијално и непотврдено од Гинисовата книга на рекорди, но навивачите на Бешикташ тврдат дека на последниот натпревар на стариот Инону стадион го срушиле претходниот светски рекорд на гласните навивачи на Галатасарај.

Луди Турци

Навивачите од целиот свет се тепаат на фудбалските стадиони, а во некои земји сме гледале инциденти и на хокеј и ватерполо натпревари, но ова до сега го немавме видено. Навивачите на Бешикташ и Галатасарај прекинаа натпревар на кошаркари во инвалидски колички.

Најфудбалскиот ден ги оправда очекувањата

Барселона и Реал Мадрид ни приредија спектакуларно „Ел Класико", Милан и Интер одиграа уште едно напнато „Дерби дела Мадонина", „Ле Класик" во Франција полно со возбудувања и голови, московското дерби и припадна на ЦСКА, Порто ја продолжи мизеријата на Спортинг, Фенербахче ги декласираше комшиите, Шкендија го совлада шампионот...