Таг: авион

Есеј за откажаните летови

На шалтерот на компанијата две нервозни службенички се обидуваат да вопостават ред и да ни организираат сместување, далеку од аеродромот и од градот. Веќе е полноќ. Некои решаваат да не одат во хотел затоа што не знаат кога и како би се вратиле. Гласно се нафрлаат опции. Летови за Белград, Софија, Приштина. До Виена, па преку Загреб. Дваесет часа со автобус? Когнитивниот апарат ми е прегорен и полека ми станува сеедно и за географија и за воздушен сообраќај.

Подвиг на Пакета: Летал 8.000 км да игра за Бразил, се вратил за помалку од 48 часа и намести 2 гола за Лион

Одамна немало таков волшебник од Бразил, можеби после Роналдињо. Младиот Лукас Пакета со индивидуални акции, соло продори, дриблинзи и асистенции го прави Лион атрактивен за гледање.

19-годишното момче кое патувало во сандак преку океанот

„Бегство од сандакот“ е нова книга која ќе излезе следниот месец, а раскажува како шемата на едно момче да се шверцува во авион од Мелбурн до Лондон излегла вон контрола.

Шапекоенсе се врати во прва лига, пехарот го крена преживеан од авионската катастрофа

Во 2016-та година бразилскиот клуб Шапекоенсе имаше авионска несреќа на пат кон финалето на Копа Судамерикана во Меделин. Загинаа 71 лице. Од цела екипа и стручен штаб преживеаа само тројца фудбалери, а кариерата подоцна ја продолжи само бекот Алан Рушел (31).

Реакција на Англичани кои во авион дознаа дека победиле на пенали

Некои во земјата, некои во Русија на стадион, а некои на 30.000 метри горе, во авион на пат за Ибица. Стјуардесата и пилотот јавуваат што се случило во осминафиналето против Колумбија.

Како почнала фобијата од летање со авион на Денис Бергкамп

Кога легендарниот играч на Арсенал конечно прифатил дека ја изгубил битката со големиот страв од летање, сфатил дека се ослободил и тогаш го играше најдобриот фудбал во кариерата. Никој не му замерувал зошто патувал и по 2.000 километри со кола за да игра на гостување.

Џеферсон Фарфан летал 46.739 километри за три недели

Најдобриот перуански фудбалер Џеферсон Фарфан кој на времето важеше за талент број еден на својата генерација, имал права меѓуконтинентална лудорија деновиве, па човек просто да не верува како е можно да смени толку многу временски зони и континенти.

Колку ти чини Кољо авионот од Инстаграм?

Бидејќи Инстаграм е совршен за покажување статус и богатство што генерално го немаш, руска компанија нуди фотосесии со приватен авион за сите што сакаат да покажат луксуз на својот Инстаграм профил. Авионот не мрда и нема да долета до кај тебе, туку ти треба да одиш кај него. Услугата е 244 долари за сесија од 2 часа со вклучен фотограф (или 191 долар без фотограф).

Најдалечни гостувања во светскиот фудбал

Успешно деби на клупата на Зенит имаше Роберто Манчини па никој и не примети дека гостувале во Хабаровск на 6.200 километри подалеку од Санкт Петербург. Но тоа не е единствена далечна дестинација во првенствата ширум светот.

Бајката на Атлетико Тукуман со загубена опрема и авионски лет

По 115-години чекање, Атлетико Тукуман доцнеше на најголемиот меч во клупската историја. На крајот, по сите перипетии кои ги снашле, излегоа на терен и победија.

Филм после кој гледачите гласаат дали главниот лик треба да биде осуден

Звучи како мисловен експеримент од применета етика - дали би собориле полн патнички авион за да спасите повеќе луѓе на земјата? Слично прашање им е поставено на гледачите по прикажување на филм во кој главниот јунак го прави токму ова.

Пехарот стигна во Лисабон

Прва од авионот излезе стјуардесата да ги сними присутните навивачи, но брзо сфати дека сите од вратата го чекаат пехарот. Го изнесоа Кристијано Роналдо и селекторот Фернандо Сантош, а потоа сите играчи со отворен автобус тргнаа низ градот.

Симболот на Италија од СП 1982 е пред распаѓање

DC9, авионот кој ги врати светските шампиони од Мадрид ако не биде изложен во музеј, можно е да заврши во отпад.

Од небото над епархијата

Нашиве земаат ли земаат бугарски пасоши, и си заминуваат на запад. Деновиве чув дека во Битола направиле и некое предавање за начинот на кој најбрзо може да се дојде до пасапорта.

Уметнички авион за Бразил

Лудилото почнува за 16 дена, а креативните домаќини од превозот си направија неочекувана атракција. Боингот 737 со кој ќе летаат, го бојадисаа како детска играчка. Целта им било да ја претстават културата во Бразил преку најразлични лица, а делото е на двајца махери за уметнички дела кои работата ја завршиле за една недела со 1200 лименки спреј.

Ричард Бах доживеа несреќа

Авторот на за многумина култната „Галебот Џонатан Ливингстон" е во тешка состојба по несреќата која му се случила во американската сојузна држава Вашингтон, кога се срушил авионот со кој самиот управувал.

Се исплати да бидеш херој во Кина

Откако како на филм ги сопреа Угурите кои сакаа да го киднапираат авионот во регионот Сикјанг, патниците и екипажот на авионот на авио-компанијата Хаинан станаа главни херои во земјата. И добро заработија на тоа.

Паметник кој е подобро да се заборави

Две години по авионската несреќа кај Смоленск, во која загинаа 96 луѓе, меѓу кои и полскиот претседател Лех Качински, во селото Калков, јужна Полска, им е изграден споменик на жртвите. Тоа е уште една, само овој пат уметничка катастрофа.

Месечна за авион

Авиокомпанија од Санта Моника, воведува услуга која ќе им овозможи неограничен број летови на патниците за одреден месечен паушал, нешто како месечна карта за автобус, само што е за летање.