Таг: атп

А кога газдата на ПСЖ играл тенис на АТП турнир во Германија

Малку луѓе знаат дека сопственикот и претседател на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи се појавил во првото коло на АТП турнирот во Сенкт Пелтен (Австрија) во 1996-та година под знамето на неговиот Катар. Изгубил убедливо од првиот носител и шампион на Ролан Гарос, Томас Мустер ама бар му освоил еден гем.

Па и не е баш некоја фора вака да сервираш

Александер Бублик од Казахстан се обиде да го изненади Лоренцо Сонего на турнирот во Истбурн, ама повеќе нас не изненади, а го насмеа коментаторот.

Еднаш Ѓоковиќ ги соблече шорцевите пред Надал и така почна големо ривалство

Едниот 22 години, другиот 21. Бикот од Мајорка веќе почна да ги тероризира сите противници на земја и ги мелеше до мера да не сакаат да паднат против него на некој турнир. Ама Новак, уште недоволно зрел, покажа потенцијал дека може да му се носи на Шпанецот.

Девојката која твори историја - од квалификации стигна дури до полуфинале на Ролан Гарос

Ролан Гарос е еден од најубавите тениски турнири затоа што секоја година инспирира нови приказни со тенисери и тенисерки за кои светот до тој момент не слушнал. Во една таква бајка живее Аргентинката со украинско потекло.

Кога Федерер добил крава на еден турнир и научил да ја молзе

Во 2003 година по првиот освоен Грен Слем на Вимблдон, Роџер Федерер имал 21 година и уште не одлучил дали да игра на помали турнири. Кога се решил, добил необичен подарок од домаќините.

Додека и тенисот е во мирување

Некој жонглира фудбалска топка, некој тоалетна хартија, а има и такви позитивци што не можат без тенис, макар преку прозор.

Федерер освои титула против играч кого го доеле кога Роџер кревал пехари

На свои 38 години еден од најголемите спортисти на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер по 10. пат ја освои титулата во родниот град Базел каде стално емотивно држи говор и не може да ги воздржи солзите.

Чудото на Енди Мареј - во јануари му ставија вештачки колк, а сега освои титула после 960 дена

Понекогаш во спортот се случуваат работи, кои многу тешко може да се разберат и кои ја прошируваат нашата претстава за човековите можности. Враќањето на Енди Мареј е едно од нив.

Ник Кирјос суспендиран на 16 недели, АТП му препорача психолог

Го пратија на ладење. Ќе има таман време да размисли за сите глупости кои ги направи во изминатиот период, а со кои не само што го наруши реномето, туку и го навлече гневот на целокупната јавност. Голем талент и потенцијал ама има проблеми со главата.

Во ’90-те, лисици мочале на тревата на Вимблдон и ја упропастувале

Помалку од една недела останува до почетокот на Вимблдон - најстариот и најпрестижниот турнир на планетата. А денес, овој крал на Гренд слемите е еден од ретките турнири кои се игра на трева.

Фер потегот на Ѓоковиќ кој го воодушеви Ролан Гарос

Светскиот број 1 со 3:0 во сетови го совлада Александар Зверев и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос. Во вториот поен од осмиот гем во првиот сет судијата Кјотавонг досуди аут после еден силен сервис на Зверев, а Новак ја преиначи неговата одлука и доби аплаузи.

Иритантниот сервис на Кирјос со кој ги нервира противниците и публиката

Иако нема ништо против правилата, ваквиот сервис под рака важи за многу неспортски и неферски, а за тоа зборуваше и Рафаел Надал пред неколку дена, откако Кирјос го напна во целост.

Како и кога бананата стана главно овошје во тенисот?

Постојат многу причини зошто на Вимблдон, на пример, за две недели се јадат околу 5 тони од ова овошје кое доаѓа од Југот на Азија и од Папуа-Нова Гвинеја.

Јунакот кој остана без двата родители и освои титула во нивна чест

Во сенка на големиот Новак Ѓоковиќ кој ги поместува границите во тенисот, публиката малку знае за Ласло Ѓере, српскиот тенисер кој освои титула во Сао Пауло и ја шокираше јавноста со изјавата кога ја прими наградата.

Таткото освои Ролан Гарос во дубл, синот му ја зема славата

Франција е задоволна што има шампиони на легендарниот Ролан Гарос - Никола Мау и Пјер Ербер им донесоа трофеј но победата му припаѓа на синот на Мау кој истрча на теренот.

Како Жерар Пике направи раскол во светскиот тенис?

Во светот на тенисот се судрија различни ставови во однос на идејата за промена на форматот на традиционалниот 118-години стар Дејвис Куп.

Фоњини освои поен откако остана без рекет во раце

На еден од поинтересните дуели на турнирот во Рио де Жанеиро против домашниот играч Томаш Белучи, Италијанецот Фабио Фоњини освои неверојатен поен откако при сервис остана без рекетот.

Нови тениски правила кои може да го изменат овој спорт

Светската тениска федерација на турнирот за најталентирани играчи во светот до 21 година во Милано испроба неколку експерименти кои би требало да го подобрат овој спорт, но за нивно имплементирање ќе се чека уште неколку години.

Се огласи и таткото на хрватската тенисерка

Откако неговата ќерка реши да го прекине деценискиот молк и отворено да проговори за тортурата што ѝ ја вршел татко ѝ, сега се огласи и прозваниот Маринко со кого таа веќе нема никаков контакт.

Животната драма на хрватската тенисерка која прави чуда на Гренд Слем

Цели 10 години трпела неподнослива тортура од татко ѝ кој физички и психички ја малтретирал. Со помош на Иванишевиќ бега во САД каде работи на благајна и сонува да му се врати на тенисот.

Кој е Миша Зверев, тенисерот кој го елиминираше Мареј

Поминал тешко време со повредите кои го исфрлиле надвор од првите 1.000 тенисери на светот, но решил со напорна работа да се врати и тоа му се исплатеше на годинешниот Австралија Опен каде се прослави против тенискиот рекет број 1.

Рафаел Надал е непрепознатлив

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Шпанецот Рафаел Надал ја искористил паузата да се посвети на здравствените проблеми. Откако се објавија неколку фотографии на кои се гледа дека Надал ја скратил косата, сега шпанските медиуми пишуваат дека веќе долго време косата му опаѓала поради што ќе оди на пресадување на клиника во Мадрид.

Што мисли Ѓоковиќ за заработката во женскиот тенис?

По убедливиот триумф во финалето на Индијан Велс против Раониќ, Новак беше вовлечен во незгодна тема од новинарите кои од него добија одговор дека мажите имаат повеќе публика, играат поатрактивни мечеви и треба да заработуваат повеќе од жените, но додаде дека го почитува тоа што го прават спортистките.

Најатрактивните поени во тенисот за 2015-та

Годинава му припаѓа на Ѓоковиќ кој целосно доминираше со 11 освоени титули и заработени 21,6 милиони долари, а мајстории покрај Ноле правеа и Федерер, Надал, Ферер, Монфис...АТП го спакува најквалитетното за гледање.