Бритни Спирс мрази ролат од мелено месо и секаква „набабрена“ храна. Артуро Тосканини мразел риба. Ен Рајнд се грозела од салати. Оваа книга е истражување на светот на храната, но од страната на аверзиите кон неа.
Од скромно сточарско потекло до кулинарска ѕвезда - вака би можела да гласи една богата историја на путерот. Токму тoa e и насловот на книгата за вистинскиот „шеф“ во кујните на познатите шефови.
Деновиве (и не само деновиве) кај нас е актуелна темата со расфрлањето отров по улици со кој се трујат уличните животни. Но во екстремни околности низ историјата луѓето се решавале сами да ги еутаназираат своите миленици. Оваа книга зборува за една таква трагедија, која се случувала непосредно пред Втората светска војна.
Вознемирувачка, ама издржана лекција по историја: нова книга тврди дека ретките случаи на еднаквост од глобални размери била постигнувана исклучиво во времиња на големи кризи, кога на Земјата шетале четирите јавачи на апокалипсата (кои додуша ширеле несреќи главно во женски род): глад, смрт, војна и освојување. Зарем до ова дереџе дојдовме, да се надеваме на апокалипса?
Ако е точно дека „една слика е илјада зборови“, тогаш и моќта таа да излаже е пропорционална на оваа математика. Ова е откриено прилично рано во историјата на фотографијата, а масовно се користи и денес.
Човечката коса е чудна материја, истовремено и отпад и скапоцен производ. На местото каде паднало само едно влакно од главата на Буда е изградена златна пагода - ама ако најдете едно влакно во јадењето, тоа е грозно. Перчиња коса се чуваат и како спомен од бебиња, и како реликвија од умрени. Без оглед дали е фетиш или суровина, косата раскажува многу приказни.
Само што сте станале а веќе се чувствувате изнемоштено? Сите околу вас делуваат ко папсани, без елан, ментално и физички стресени? Не го обвинувајте „современото темпо на живот". Уморот е со нас откако постоиме како вид.
Иако на прв поглед изгледаат како да се за мачење, овие машини биле врв на „механотерапијата", метод на одржување на здравјето промовиран во време кога докторите за оваа цел главно советувале „пуштање крв".
Kнигата која во Србија се појави во мај оваа година, и веќе доживува петто издание, се опишува како прва биографија на историскиот лик на Марко Мрњавчевиќ. Но со оглед на тоа што Крале Марко не е само српски, туку и епски лик во фолклорот на сите Јужни Словени, тешко е да се објасни зошто требаше толку време за да се појави една ваква книга.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја
Од почетоците на земјоделството до современото производство на пиво, оваа книга чие објавување се планира за октомври, покрива цели 9000 години историја на пијалокот на којшто се насладуваме додека ги пишуваме овие редови (добро де, радлерче).
Грижењето, или по нашки секирањето, е необична активност за „жанровско" одредување. За оние кои често го прават тоа, работата е сериозна. Но ниту еден психијатар нема да ви каже дека сте патолошки случај само затоа што се грижите, освен ако тоа не преминува во параноја.
Teкстов повеќе звучи како нешто што би било соодветно да се објави на „денот на заљубените". Ама за бакнување не ви треба посебен повод, само субјект со кого би си ги допирале усните или триеле носевите, што можеби не е баш бакнеж, но според антрополозите е подеднакво важно „бакнувачко однесување".
Нова книга под наслов „Искубано: историјата на отстранување влакна" од Ребека Херциг испитува еден необичен феномен - и покрај тоа што повеќето од цицачите на планетата поседуваат обилно крзно, само човекот минува низ триста маки за да го отстрани. Зошто?
Колку пати сте слушнале дека некој „сака да чита", или сте изјавиле дека сте „љубител на добрата книга"? Нашата врска со книгите често личи на љубовна приказна, која вклучува занесеност, интимност, опсесивност. Но односот кон книгите и читањето не бил отсекогаш таков.
Eден од начините на кои некои современи жени искажуваат отпор кон хегемонистичката и шовинистичка машка културна матрица е одлуката да не им биде гајле дали влакна им штрчат од под мишка или им ѕиркаат од под хулахопка. Но практиката на женско „обезвлакнување" е историски долга, а во отсуство на креми за депилација и бричеви знаела да биде и опасна.
Адвокат и сликар прават илустрирана книга за професија која е вградена во неофицијалната историја на Белград од почетокот на 19. век. Авторитетот Данило е на потег за слична „студија на случај" од нашиот главен град.