Оваа година донесе големи ракометни возбудувања за навивачите на Вардар кои повторно покажаа заби во Европа, но имаше огромни разочарувања за оние на Металург од каде си заминаа најдобрите. 2015 година ќе се памети по европската круна на Кире и неговиот јубилеј од 1.000 голови.
Пред почетокот на денешниот дуел против Чешка, на кој нашите ракометари обезбедија ново учество на Европско првенство, благодарници за досегашните настапи во националниот дрес добија Ванчо Димовски и Горан Ѓоргоноски.