Речиси 20 години откако го шокираше светот со прогнозата дека ни половина од овој век нема да мине а луѓето и машините ќе се спојат “во едно“, прочуениот футуролог вели дека денеска е уште поубеден во своите предвидувања. До 2029 година вештачката интелигенција ќе ја стигне нашата а до 2045 ќе се споиме па заедно ќе мозгаме за кого да гласаме на Ѕвезде гранда.
Казахстански градоначалник објавил тендер за поставување на тротоар, веројатно најдобрата понуда го добила тендерот и тротоарот е направен. Сè како што треба по книга. Откако е направен, активисти креваат галама и му предлагаат на градоначалникот и градежникот, да го пробаат тротоарот со инвалидска количка. За чисто чудо овие прифаќаат.
Не недоволно се збогатила, туку Британија воопшто не се збогатила од робовладетелството и колонијализмот, се тврди во една неодамна објавена книга околу она што цел свет го смета за пљачкосувачката епоха на британското кралство.
Голема, голема будала. Можеме да замислиме како би завршила сцената кога Оливер Рид би ги седнал во својот омилен паб (онаму каде што уште го пуштаат да влезе) оној дечко кој го глумеше Хари Потер, некој од оние кои го глумеа Спајдермен или кој било од денешниот шпил машки актерски ѕвезди. Се шалиме, не можеме да замислиме.
Беатрис „Тили“ Шилинг, родена во 1909 во Хемпшир, била воздухопловен инженер и се тркала со мотори. И им завршила огромна работа на пилотите во Втората светска војна.
Во републикански доминираниот Претставничкиот дом на Конгресот со 319 гласови за и 91 против помина Законот за свесност за антисемитизам, кој би можел да ја направи Библијата нелегална во САД.
Како резултат на глобалната паника околу темата и драмолетките на Грета Тунберг, многу млади искрено се уплашени дека нема да стигнат да пораснат бидејќи дотогаш климатските промени ќе ја уништат Земјата и животот на планетата ќе го снема. Професор од Кембриџ ја смирува тензијата. Не сме на ивица на пропаста а климатизмот се оддалечи од науката и стана идеологија.
Шкотскиот премиер Хумза Јусаф донесе еден од најрестриктивните закони против говор на омраза, кој дури и длабоко авторитарни влади не би се осмелиле да го помислат. Законот што Трудо планира да го донесе, прави шкотскиот закон да изгледа како заштита на слободата на говор.
Максин Бирли (1922-2009), подоцна позната како Максим де ла Фалез била елегантна жена, популарна во општеството, мајка, воен шифрер, автор на книги за рецепти, колумнист, муза, актерка и манекенка. Каков спој!
Некогаш, во „Драга Савета“ рубриките по интернет се кријат ем неверојатни приказни на граница на трач, ем теми за размислување како оваа, каде што една жена се плаши дека се големи шансите токму нејзиниот сопруг да се крие зад лажните профили што ѝ ја влечкаат инаку успешната книга по интернет-калови.
За нејзините дела, Тејлор Свифт наоѓа инспирација од жени од минатото, меѓу кои и Клара Боу и Ребека Харкнес и баба ѝ Марџори Финли која била оперска пејачка. Од овие причини и Џоел Абрамс од The Conversationсе прашува што би мислела Свифт (сега 34-годишна) за француската писателка Кристин де Пизан.
Американскиот долг е нешто што во моментов никој нема политичка сила или волја да го заузда. Форбс пренесува алармантни податоци од Банката на Америка дека на секои 100 дена, долгот се зголемува за илјада милијарди долари. Тоа оди на воденица на златото и криптото што е видливо од растот на нивната цена. Дали следната година, дали на крајот на оваа деценија, сериозна криза не бега.
Многумина се чудат зошто САД толку упорно и бесрамно ги оправдуваат и подржуваат најбруталните израелски криминали и кршења на сите овоземни и универзални човечки права. „Одговорот цело време ни е пред очи,“ пишува Алан Вагман. „Тоа е така затоа што Израел е американска воена колонија“.
Платформите се одлични за промоција на секој вид проекции и одбрани на личниот идентитет и на пумпање на его. За жал, добри се и за создавање на секти на истомисленици кои потоа ти ги потврдуваат измислиците.
Откако американската армија ги снижува стандардите за примање на нови регрути, магазинот Мад во август 2006 објавува карикатура за тоа како ќе изгледа армијата на иднината. Човек да помисли дека препишувале од книга.
Може треба од холандска амбасада да пуштат пари и во Холандија невладини да поработат малку на разбирање, мулти-култи, соживот и што и да треба друго за да го стишат фетишот на Холандезите кон палење на светата книга на Исламот.
Потенцијал за фраза на годината: ТикТок-мозок. Феноменот е турбо верзија на она што претходните генерации го отфрлаа како „недостаток на внимание“. А има врска и со концентрација и со фокус и со квалитет на сон.