Обично етикетирани како „суеверија“, верувањата во зли натприродни суштества не се примитивни и ненаучни - тие се од суштинско значење за нашето разбирање на светот.
Добро, секој избор нели е некомплетен и субјективен. А и годинава уште не е помината. Но ако ова е начин нејзиниот крај магиски (не научно) да дојде побрзо, тогаш еве список на добрите книги за наука што излегоа во 2020
Авторот на култната „Трејнспотинг“ по која е снимен и истоимениот филм на Дени Бојл (во два дела), беше гостин на Фестивалот на краток расказ во Ријека. По тој повод даде интервју од кое пренесуваме делови.
На 8 септември, значи за неколку дена, од печат ќе излезе нова книга на Клис, под наслов „Креативност: краток и весел прирачник“. Книгата е навистина кратка, 112 страници, а дека ќе биде весела, тоа сме речиси сигурни.
Земаме воздух 25.000 пати дневно, без да мислиме на тоа. Но пандемијата фрла нова светлина на респираторните болести и здивовите кои ги сфаќаме здраво за готово.
Во својата книга „Како ја изгубив Нобеловата награда: приказна за космологија, амбиција и опасностите на највисокото научно признание“, физичарот Брајан Китинг раскажува приказна која вклучува голем ентузијазам, разочарување и научени лекции од целиот потфат.
Родителите во воспитувањето на своите деца се препуштени самите на себе, бидејќи не постои добро организирана држава, која би можела да им биде партнер во овој значаен проект. И покрај песимизмот за иднината, психолози како Станислав Петковски се обидуваат да го дадат својот придонес во дијагностицирањето на состојбите, но и во нудење лек за истите.