Роберт Џенкинс во 18 век бил капетан на британски трговски брод. Неговото уво било пресечено од војници на шпанската крајбрежна гарда. Седум години подоцна, ова послужило како причина за војна помеѓу Британија и Шпанија.
Вчера, 17.1, излезе книга која регистрира историја на земја која повеќе не постои и на музички жанр кој, велат, не е мртов. Таа содржи интересна приказна, за тоа како песна снимена во 1981 од млад панк бенд од провинциска Англија станала славна во некогашна Југославија.
Главно ветување на сите кандидати кои учествуваа на локалните избори без оглед на нивната партиска припадност беше дека „ќе донесат чист воздух“ во градов. Не знаеме од каде точно мислат да го донесат и како, но ако е за некоја утеха имаме историски пример на град кој барем во тек на неколку денови бил позагаден од Скопје, Велес и Битола.
Првично познати по управувањето на борделите (во ултра вносниот центар на Лондон) благодарејќи на шверцот на бело робје и оружје од војната во Косово, албанските криминалци во Британија полека станаа главни играчи во уште еден сегмент на британското подземје: продажба на дрога.
Од искуства на пријатели знаеме како е да бидеш гонет од обожаватели, да те начекуваат на улица, да ги наоѓаш по дома влезени низ балконската врата, а полицијата да ти вика самиот да се справиш со проблемот. И ова не е ништо ново - на времето домашен сталкер си имала и британската кралица.
Мет Вокер е 40-годишен статистичар во британското министерство за правда кој земал цела година одмор за да гледа фудбал во земјите за кои слушнал само на час по географија.
Има повеќе причини зошто висок политичар би бил приморан да се откаже од привилегиите на својата функција, и тие најчесто имаат врска со пари или со секс скандали. Но има и ретки примери со кои не можеш а да не сочувствуваш, затоа што се за греота. Ова е еден од нив.
Во Британија, втора година по ред, од 23-28 јануари се одвива недела на академските книги „заради отварање дијалог помеѓу оние кои ги пишуваат, и оние кои ги користат“. Оваа година беше спроведено и гласање за највлијателната ваква книга на сите времиња.