Во 1859, 450 патници на бродот Ројал Чартер, кои се враќале од австралиските рудници кон Ливерпул, се удавиле кога парниот брод потонал близу северниот брег на Велс. Некои од нив можеби ќе се спаселе да не биле повлечени кон дното од појасите полни злато, од кои никако не сакале да се откажат.
На литературен македонски би требало да е „лелекање“. А ако нема некој посоодветен збор тогаш тој треба да се измисли, за оној вид лигавење кое стереотипно им се припишува на разгалени деца, недоволно мажествени мажи и на мелодраматични жени.
Во англискиот има разлика помеѓу vent и complain. Првото означува да си олесниш на душата со тоа што некому ќе му се пожалиш (читај: ќе му кукаш), а второто има конкретна цел - нешто или некого да поправи.
Има луѓе кои кога ќе тргнеш да им раскажуваш сон почнуваат да превртуваат со очи и ја прават онаа „поштеди ме“ фаца. Она што тие не го разбираат е дека со тоа што ја намалуваат вредноста на овие нарации и самите се лишуваат од одлична можност.
Eдните уште од раѓање се отпорни, храбри, самоуверени. Други ги впиваат сите дразби од околината, пречувствителни се и тешко се прилагодуваат на нови ситуации. Еден педијатар ги нарекува деца-пиреј и деца-орхидеи.
„Скопски Аеродром ќе се наполни со бегалци“. „Вакцинираните деца имаат до 500% повеќе болести за разлика од невакцинираните“. Ова се само дел од aктуелни наслови на статии на македонските портали. Хиперболи, лажни информации, комбинирани со неколку извичници и вознемирувачки фотографии можaт да го разбудат човекот од камено доба во секој од нас - oној кому му е страв без оглед на свеста дека сето наведено може да е целосна измислица.
Веројатно има социјални, логистички и културолошки разлики помеѓу напади кои би можеле да се случат на улица поради кражба, сексуално малтретирање или киднапирање во различни земји. Но според нова книга на оваа тема помеѓу нив има и нешто универзално - оние кои напаѓаат одлучуваат дали сте податна жртва за само неколку секунди.
„Која светска метропола сте?“. „Кој тип италијанска паста?“. Ваквите тестови кои често знаат да искрснат на Фејсбук и наивно да бидат кликнати од досада, всушност не се толку наивни.
Горчина. Јарост. Бес. Палетата чувства кои би можеле да се категоризираат под „лутина“, рефлектирана и во јазикот, варираат и во интензитет, и во тоа кон што се насочени.
Хариет Лернер е опишана како „еден од најсаканите и најпочитувани експерти за врски во Америка“. Сега има нова книга која укажува на моќта на извинувањата, особено ако тие се направени како што треба.