„Ова не е филм за Мајлс Дејвис“, би требало да гласи првата реченица од освртов. Затоа што мешавината на факти и фикција во него главно тежи на страната на измисленото, замисленото, сеченото и лепеното од животот на славниот трубач.
Фабрицио Колочини е еден од ретките фудбалери кои повеќе сака да прочита добра книга, отколку да разгледува каталози за бесни коли со соиграчите. Верува во идеологијата на Фидел Кастро и Че Гевара и се ужасува на злосторствата на нацистите.
Интелектуалното ривалство, како што пишувавме, може да биде добра работа. Но истото може и да биде причина и за спротивното - достигнување на интелектуално дно.
Славниот британски писател бил многу чувствителен на мириси. На овој необичен аспект на неговиот лик и дело е посветена нова книга, под наслов „Орвеловиот нос: патолошка биографија“.
Петнаесетгодишно момче десет години живее како заробеник на диво племе од Новиот свет. Единствената причина зошто тие го поштедуваат е - да ни раскаже за она што го видел.
Фудбалерот за кои навивачите на Лацио извадија знаме „Сакаме 11 Алмеиди“ се избори со алкохолизам, депресија и апатија, го освои Супер Купот на Европа, се врати во татковината и успеа да го врати Ривер во првата лига.
Најдобриот стрелец во историјата на аргентинскиот фудбал е запишан во Гинис како првиот фудбалер што промашил дури три пенали на еден натпревар. Легенда е на Бока Јуниорс, а во Виљареал автограм на топката му барал малиот Фернандо Алонсо.
Рајнер Стак, германски писател, е најпознат по неговата детална и дебела биографија на Кафка од три тома и 1,500 страници. Во новата книга тој открива некои необични детали за славниот писател, до кои дошол во текот на долгото истражување на архиви од Прага до Израел.