Бруно Јасиенски (1901-1938) бил полски писател-водач на тамошното футуристичко движење меѓу двете светски војни. Неговиот подзаборавен роман „Го горам Париз“ стана повторно актуелен во време на пандемијата. А има и зошто.
Иако претходно синот, исто така филозоф, му ја презел и љубовницата, таткото му го простил тоа. Ама неодамна излезениот автобиографски роман ја прелеал чашата.
Книгата се вика „Американско ѓубрe“ (American Dirt) и се однесува на Мексиканка која се обидува да влезе во САД со нејзиниот син. Но авторката е бела, и според дел од оние кои (бурно) реагираат, таа нема право да зборува на оваа тема, од која наводно прави „сензација“ за сопствена полза.
На многумина може да им се чини дека читање роман за луѓе што планираат самоубиство на Нова година и не е баш највеселиот начин да се дочека истата. Но кога е во прашање Хорнби, подобар начин и нема.
Мајкл Хониг, некогашен доктор, во својата нова книга „Сенилноста на Владимир П.“ го замислува сегашниот претседател на Русија осум години по неговото пензионирање, во дача со бројна послуга, стар и дементен. За него се грижи Шереметев - руска верзија на Кандид, наивен негувател на еден тиранин.
Вистината е дека не сме баш сигурни околу жанровското одредување на книгава. Причина: таа ја опишува страсната врска помеѓу еден.маж и „огромна монета", британска фунта која има чувства. Со нетрпение очекуваме вакво еротско дело инспирирано од стопирањето на ИПА фондовите.
Колку и да се обидуваме да не се заробиме во сите детали на она што ни се случува на политички план, една работа не можевме да ја пропуштиме - мачешката кампања на европскиот посредник. И неговиот профил на Твитер на кој пишува „поет и писател".