Не била ни сијалицата, ни фонографот, ни подвижните слики. Најголемиот придонес кон технологијата на Едисон се состоел во новиот начин на размислување за неа.
Пред да се прослави со своите трилери, како „Девојката со тетоважа на змеј“, објавени постхумно, тој бил новинар и активист, кој се обидувал да посочи на опасноста од десничарскиот екстремизам и нео-нацистичките групи во Шведска.
„Загубениот живот и скандалозната смрт на Летиција Елизабет Ландон“ е нова книга која раскажува за славна поетеса од 19 век, чиј живот криел мрачни тајни.
„Ова не е филм за Мајлс Дејвис“, би требало да гласи првата реченица од освртов. Затоа што мешавината на факти и фикција во него главно тежи на страната на измисленото, замисленото, сеченото и лепеното од животот на славниот трубач.
Интелектуалното ривалство, како што пишувавме, може да биде добра работа. Но истото може и да биде причина и за спротивното - достигнување на интелектуално дно.
Славниот британски писател бил многу чувствителен на мириси. На овој необичен аспект на неговиот лик и дело е посветена нова книга, под наслов „Орвеловиот нос: патолошка биографија“.
Рајнер Стак, германски писател, е најпознат по неговата детална и дебела биографија на Кафка од три тома и 1,500 страници. Во новата книга тој открива некои необични детали за славниот писател, до кои дошол во текот на долгото истражување на архиви од Прага до Израел.