Историчарите кои се занимаваат со средниот век знаат дека истражуваат период кој е погрешно разбран и кој се користел (а можеби и уште се користи) за оправдување на однесувањата на некои од најлошите луѓе во историјата. Овој факт за нив е извор на бескрајна фрустрација, бидејќи за нив средниот век е комплексен, интересен и влијателен.
Роберт Џенкинс во 18 век бил капетан на британски трговски брод. Неговото уво било пресечено од војници на шпанската крајбрежна гарда. Седум години подоцна, ова послужило како причина за војна помеѓу Британија и Шпанија.
Направен врз основа на истоимена книга на Ерик Џегер од 2005, ова е филм за една историска мистерија, која не е разрешена ни по шест века: дали благородничката Маргарита де Каруж била силувана од штитоносецот Жак Ле Гри? Во средниот век единствен доказ за вистината во отсуство на сведоци била победа во вооружен дуел, на живот или смрт.
„Кожа“, нова книга на Серџо дел Молино, ја бара причината за екстремните однесувања на славни личности на место каде што никој до сега не чепнал - во болестите на нивната кожа.
На латински нејзиното име е комбинација на pomum - jаболко и granatum - зрнесто. Во различни митологии таа има де исцелително дејство, де се поврзува со смртта. Еднаш е афродизијак и лек за неплодност, друг пат е контрацептив. Речиси и да нема друга овошка со толку обемен список на спротивставени значења.
Кога е во прашање историјата на алкохолот жените се неправедно изоставени од приказната. Иако уште од времето на Кодот на Хамураби голем број општества ја ограничувале женската слобода да уживаат во пиење или да произведуваат алкохол, тие го правеле и едното и другото, а богами и многу други нешта поврзани со „огнената вода“.
Нова книга на Ребека Солнит (излезена вчера, 19.10), под наслов „Ружите на Орвел“ почнува од неговата градина во селото Волингтон, каде таа при истражувањето наишла на расцветани рози кои тој ги посадил пред 80 години. Од тука следи приказна за врската на хобито на Орвел со неговите политички ставови, но и за значењето на ружите во историјата и книжевноста.
Часовниците ветуваат контрола, ефикасност, но на времето не му е гајле. Тоа си тече и минува, со или без нас во него. Всушност, ние минуваме. Тоа само Е.
Под „индекс“ не подразбираме студентска книшка, туку алатка која се наоѓа на крајот на (главно) стручните книги, каде под азбучен ред се наведени важни термини заедно со бројот на страници на кои тие се спомнуваат. Нова книга се однесува на историјата на овој важен додаток.
„Земја прогонувана од демони: вештерки, надрилекари и духови на минатото“ е книга на Моника Блек од 2020 која претставува малку поинакво читање на поствоената историја на Германија - не како новородена демократија, туку како нација оптоварена со суеверија и опсесија со надреалното.
Иако денес го земаме здраво за готово, нова книга ја анализира глобалната историја на човековиот однос кон бреговите и плажите, кој не бил секогаш онаков каков што е денес.
Од средината на 1970-тите речиси секој џез музичар имал примерок од истата книга. Со кремаста насловна, нападно лого и црна пластична спирала, таа додуша повеќе личела на скрипта. Внатре имало нотни записи за стотици популарни џез мелодии, испишани со рака. Книгата се викала - Реална.
Дури и денес примањето орган од донатор прави некаква невидлива врска помеѓу сопственикот и оној кому му е пресаден. Но приказната за еден пресаден нос од 17 век покажува колку буквално тоа се разбирало во минатото.
Приказната за првата официјална посета на јапонска делегација на САД и Европа е полна со хумористични анегдоти за културни недоразбирања. Како глетката на самурај како му го чува мечот на својот надреден во тоалет на луксузен париски хотел, и му свети со хартиена ламба под зачудените погледи на Европејците и светлината на тогаш веќе постоечките гасни светилки.
Kнигата која во Србија се појави во мај оваа година, и веќе доживува петто издание, се опишува како прва биографија на историскиот лик на Марко Мрњавчевиќ. Но со оглед на тоа што Крале Марко не е само српски, туку и епски лик во фолклорот на сите Јужни Словени, тешко е да се објасни зошто требаше толку време за да се појави една ваква книга.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја
Од почетоците на земјоделството до современото производство на пиво, оваа книга чие објавување се планира за октомври, покрива цели 9000 години историја на пијалокот на којшто се насладуваме додека ги пишуваме овие редови (добро де, радлерче).
Грижењето, или по нашки секирањето, е необична активност за „жанровско" одредување. За оние кои често го прават тоа, работата е сериозна. Но ниту еден психијатар нема да ви каже дека сте патолошки случај само затоа што се грижите, освен ако тоа не преминува во параноја.
Teкстов повеќе звучи како нешто што би било соодветно да се објави на „денот на заљубените". Ама за бакнување не ви треба посебен повод, само субјект со кого би си ги допирале усните или триеле носевите, што можеби не е баш бакнеж, но според антрополозите е подеднакво важно „бакнувачко однесување".
Нова книга под наслов „Искубано: историјата на отстранување влакна" од Ребека Херциг испитува еден необичен феномен - и покрај тоа што повеќето од цицачите на планетата поседуваат обилно крзно, само човекот минува низ триста маки за да го отстрани. Зошто?
Колку пати сте слушнале дека некој „сака да чита", или сте изјавиле дека сте „љубител на добрата книга"? Нашата врска со книгите често личи на љубовна приказна, која вклучува занесеност, интимност, опсесивност. Но односот кон книгите и читањето не бил отсекогаш таков.