Не дека и претходно немаше романи кои од далеку најавуваа можност некој како актуелниот 45-ти претседател на САД да го преземе кормилото на земјата. Но новата книга на Хауард Џејкобсон е опишана како „брутална сатира која ги повикува сите писатели на активен отпор“ кон човекот кој сега има име, презиме и еден фин епитет, кој е просто греота да се троши за опис на ликови како него.
Алан Лихтман го спомнавме лани есента, кога и покрај тоа што ги имаше точно погодено последните 9 претседателски избори во САД, беше масовно исмеван од своите колеги кога збореше дека Трамп ќе стане претседател. Сега, по негови зборови, Трамп "е поранлив на импичмент отколку кој било друг претседател на САД на почетокот од својот мандат".
Не е само Орвеловата „1984“ таа што почна да се продава ко алва откако САД добија нов претседател. Збунетите и гневните се свртија и кон други книги за во нив да најдат објаснување на она што се случува. Притоа, на прво место избива една која до сега беше малку подзаборавена.
Мајкл Флин е американскиот генерал со три ѕвезди што пред неколку дена беше сменет од позицијата советник за национална безбедност на Трамп поради неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор во Вашингтон. Според магазинот Политико, американски генерал не се слуша по своја волја со руски амбасадор.
Откако на Америка и се случи Трамп, полека почна да се шири и популаризира еден цитат откорнат од книга од 1998, со наслов Achieving our Country. Освен што го предвиде доаѓањето на Трамп, авторот има уште неколку предупредувања за левицата кои се уште не стигнале да станат инспиративна слика со текст, за некој сериозно да ги сфати.
На 25 јануари претставници на мексиканската влада пристигнаа во Вашингтон на средба со луѓе од Белата куќа за прелиминарен разговор пред средбата меѓу Трамп и претседателот на Мексико. Двајцата на 31-ви треба повторно да ја преговараат НАФТА, најважниот трговски договор за Мексико. На 24 јануари во 21:37 Трамп на Твитер објави дека ќе го гради ѕидот кон Мексико.
Немој за сè да го кривите расизмот. За време на финансискиот крах Обама се стави на страна на банкарите, не на страна на луѓето што ги губеа своите домови - правејќи ја возможна победата на Трамп.
Тролањето на претседателските кандидати во САД, традиционално креативно, добива нови димензии со ликот и делото на Трамп. Најново - книга песни составени од негови интервјуа, говори и твитови.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја