Последниве неколку недели Колбер и неговите фанови ги минаа потсетувајќи на најдоброто од неговото шоу. Она за што помалку се зборува кога се прави ретроспектива на неговото медиумско влијание е начинот на кој ги промовираше писателите и читањето воопшто.
Најталентираниот македонски фудбалер во слободно време пишува книга, вежба јога и малку гледа спорт. За Офф.нет.мк раскажува каков е Меси приватно и како се пецкаат со брат му Дориан пред и после Ел Класико.
Се сеќавате на Италијанката сестра Кристина, која стана сензација по нејзиниот настап на италијанската верзија на „Идол", пеејќи ја Алиша Кис? И пред неа имало храбри жени посветени на Бога, кои и во многу потешки времиња покажале што значи да се биде еманципиран, не како маж или жена, туку како човек.
Во Букбокс сме испочитувале ред странски и домашни автори, ама никогаш сопствениот татко. Сега има и повод - утре (среда) во 20 часот во Магор ќе се одржи промоција на неговата нова книга „Мајсторот".
Коцкаста насмевка, светло сино око и самобендисано презиме - сето тоа добро му стои на Били Ајдол, кој ја раскажува својата приказна во автобиографијата „Играјќи со себеси" која беше објавена на 7. октомври. Утре пак (21.10) излегува неговиот прв албум во последниве девет години, aко не го сметаме чудниот Божикен од 2006.
Како што ние се обидуваме да комбинираме наслови на вести за да добиеме некаква песничка која има смисла, така и Рејмон Кено смислил систем за генерирање песни со комбинација на стихови. Само за да ги прочитате сите негови ќе мора малку подолго да поживеете.
Ле Фигаро објави информација дека поранешниот пејач на француската рок група од седумдесетите Téléphone, Жан Луј Обер, се подготвува да издаде соло албум чии стихови ќе бидат преземени од најновата книга на Уелбек.