Го користиме овој стих на Џони за да се потсетиме дека во светов имаме и пријатели на кои подзабораваме додека упорно се бавиме со Бугарија и нејзините влажни соништа. Пред некое време во Варшава излезе книга која се навраќа на уништеното Скопје, неговата обнова од земјотресот и улогата на полските архитекти во тоа.
Пред многу години, мојот прв драмски текст „Глоговиот џбун“ го нудев насекаде. Не го одбија само таму каде што не сум го понудил. И кога решив да дадам свој огромен придонес во македонската драматургија (решив да престанам да пишувам драми!) се појави Ристо Стефановски и ме извлече од дното на мојата разочараност и безнадежност.
Нема да ви се верува, ама после сè што прочитавме од описот и понудата на мултиталентираната Зоре, имаме силa да издвоиме само дека таа пишува на латиница. За да ви се верува, ќе мора сами да ја прочитате оваа огласна епопеја.