Тоа дека група луѓе кои претходно не се познавале можат да направат нешто убаво, корисно и некому потребно, немотивирани од ништо друго освен од добрата мисла, е нешто кое прави да веруваме дека светот можеби и не го заслужува крајот кој му се најавува од време на време.
„Нека оној кој во животот не напишал ниту еден текст со печатна грешка го фрли првиот коректор", би можела да гласи првата заповед на Божицата на совршениот текст.
Барак Обама под притисок на своите советници три пати по ред ја откажувал мисијата за убиство на Осама бин Ладен, стои во новата книга Лидерство од позадина: Колебливиот претседател и советниците кои решаваат наместо него.
Следејќи го најстарото правило за соопштување на лоши вести, Мит Ромни по долги години криење на имотната состојба, во петокот по 17 часот, ја објави својата даночна пријава.
Рака на срце, и не сме толку изненадени што фотките од бугарските матурантки доживуваат таква популарност. Бизарното, абјектното, „кемпот" истовремено одбива, но и магично привлекува. Она што на филозофско ниво нè предизвикува е нешто друго.
Ова сигурно им требаше! Познатиот сатиричен сајт - некаква српска верзија на Onion - кој е стар нешто повеќе од една година, во јануари се појави во печатено издание. Промоцијата на книгата со наслов „Ова можеби не ни требаше“ е денес, во Библиотеката на град Белград.