Дојдете утре (недела, 23.12) во 20 часот во кафето „Ли“ (кај Млечен ресторан) за да ја споделите нашата радост од завршувањето на уште еден волонтерски, хуманитарен проект инициран од Букбокс - календар во чија изработка учествуваа: со својата убавина и твитови 12 девојки од Твитер, а со својот талент и знаење двајца фотографи и една дизајнерка.
Ако ви се бендиса некоја од фотографиите кои ќе бидат изложени, а кои се наоѓаат на календарот (портрети/актови), купете ја, и на тој начин учествувајте во набавка на новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, со посредство на Црвениот крст на град Скопје.
По промоцијата ќе можете бесплатно да го симнете календарот од сајтот на „Борка" (www.borka.org.mk), како и од партнерски сајтови – пријатели на акцијата, во форма на компјутерски позадини.
Како тизер ја издвоивме онаа на која @Pluto_not_Mars соодветно на мисијата на Букбокс си гушка - книга.
Ве очекуваме!